Fiat најави два нови crossover модели, засега само за Јужна Америка!

Бразил е најважниот пазар за Fiat: Во текот на минатата година, повеќе од 366 илјади возила на најголемиот италијански производител беа продадени во оваа земја, што е за 12 % повеќе од претходната година…

За споредба, „само“ 285.000 возила маркирани со значката на Fiat  беа продадени во Италија.

Значи, не изненадува што Fiat најави два нови crossover модели за Бразил, како и ажурирање на актуелните модели на марката во оваа земја.

Двата нови модели ќе бидат поставени на платформата на моделот Fiat Argo, суб – компакт што се произведува во Бразил за цела Јужна Америка.

На почетокот на 2021 година, Fiat планира да претстави компактен crossover што ќе се натпреварува директно во класата во која доминираат Renault Captur, Hyundai Kona, Peugeot 2008, VW T-Cross, Škoda Kamiq, Fiat 500X ….

Новиот модел се очекува да добие 1,0-литарски турбо мотор со моќ од 120-130 КС.

Вториот модел најверојатно ќе биде SUV-coupе, што ќе биде базиран на претходно откриениот концепт Fiat Fastback.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пробни камери за „лoвење! на тие што снимаат сообраќајки на пат!

Над 600 илјади хотели во светот го прифаќаат биткоин како валута!

Снимен новиот Ford F-150 Raptor

Porsche Carrera GT во напуштен салон собира прашина!

Наспроти кризата со корона вирусот Peugeot најави враќање на пазарот во САД веќе 2023

Турција и официјално има најдолга велосипедска патека на светот

McLaren F1- денес вреди 16 милиони фунти

Audi RS7 Sportback  со 962 КС

Помал Tesla Cybertruck за Стариот континент