Според Autocar, Fiat ќе ги отстрани сите модели со исклучиво мотори со внатрешно согорување од продажба во Обединетото Кралство од 1 јули тековната 2022 година, бидејќи сите негови автомобили сега се достапни со електрифицирани погонски единици…
Италијанската компанија наведува дека електрифицирала 60% од својата понуда во 2021 година и дека Fiat 500X и Tipo се последните два автомобили кои добиле хибриден погон на почетокот на оваа година.
Fiat тврди дека отстранувањето на сите неелектрифицирани модели ќе ги поттикне клиентите да се префрлат на одржлива и исплатлива е-мобилност, особено возачите во градовите.
Грег Тејлор (Greg Taylor), извршен директор на Fiat и Abarth Велика Британија, вели: „Овој чекор во историјата на Fiat означува клучна точка во нашата посветеност да обезбедиме достапни и одржливи решенија за мобилност за сите наши клиенти. Овој потег е погоден за нашите возила, кои се прилагодени на урбаните средини“.
Марката ја започна својата стратегија за електрификација со лансирањето на Fiat 500 хибрид и Panda хибрид во 2020 година.
Овие два модели ќе ја изгубат опцијата 1,2-литарски бензински мотор. Наместо тоа, тие ќе бидат понудени со 1.0-литарски хибриден агрегат, составен од мотор со три цилиндри, бензинец, поврзан со 12V интегриран стартер-генератор и батерија од 11Ah.
Уште во февруари, Fiat објави дека поголемиот компактен crossover модел 500X и моделите на хечбек и караван Tipo ќе добијат хибридни погонски единици.
Тие се придвижувани од 1,5-литарски бензински мотор со четири цилиндри, поврзан со електричен мотор од 20 КС за комбинирана моќност од 128 КС. Дополнително, емисиите на CO2 се помали за 11%.
„Сега можеме да им обезбедиме на сите наши клиенти решение за одржлива мобилност, без оглед на нивните потреби за мобилност, со едноставна технологија и по прифатлива цена“, рече извршниот директор на Fiat, Оливие Франсоа (Olivier Francois) уште во февруари
. „Јас сум исклучително горд на ова поради неговата доследност со нашата визија: „зелено е само кога е зелено за сите“.