Fiat Panda го слави 40-от роденден

Fiat Panda е најпродаваниот автомобил на италијанскиот пазар, а со Fiat 500 во Европа се натпреварува за водечка позиција во сегментот на мали градски автомобили, а по повод годишнината на Pandа, компанијата објави и славеничко видео…

Со текот на годините, Panda се здоби со репутација на автомобил за секоја пригода, заснована врз нејзината сестрана и високо функционална природа. Клиентите кои и биле верни 40 години ја ценат за нејзината компактност, карактер, достапност и забава.

По повод оваа годишнина, Fiat објави славеничко видео во кое Лука Наполитано (Luca Napolitano), шеф на брендовите Fiat, Lancia и Abarth за регионот ЕМЕА, разговара со Роберто Џlолито (Roberto Giolito), шеф на EMEA Heritage.

„Fiat Panda е најпродаваниот автомобил на италијанскиот пазар и со Fiat 500 во Европа се натпреварува за водечка позиција во сегментот на мали градски автомобили. Честопати велиме дека Panda е функционална икона на марката, најрационален, најприфатлив и најдемократски автомобил на Fiat, и сега можеме да разбереме зошто “, се вели во видеото што го слави наследството на култниот Fiat Panda.

„Пространоста, компактноста, карактерот, сестраност, пристапноста, забавата и функционалноста се она што луѓето го бараат во автомобил. Pandа има се, и повеќе “, вели Роберто Џолито.

Преминувајќи на денешните „паметни решенија“, важно е да се напомене дека Panda беше првиот градски автомобил  систем за сопирање во итни случаи, првиот со држач за смартфони Cradle, со навигацијата Waze вградена во апликацијата Panda UConnect и фокусирана на мултимедија.

Најновата иновација е пакетот D-Fence од палетата додатоци на Mopar, кој вклучува филтер за патнички простор, прочистувач на воздухот и UV ламба што елиминира до 99% од бактериите во возилото.

Pandа беше исто така првиот мал градски автомобил кој обезбеди мобилна пристапна точка со вграден Wi-Fi Wind и им овозможи поврзување на Интернет на своите патници.

Малиот градски автомобил е достапен и денес во верзијата Panda Micro Hybrid која ги нуди сите придобивки од ефикасниот, компактен, лесен и достапен хибриден погонски агрегат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Dacia Duster Pick- up!

Скејборд голем колку лаптоп и на струја доаѓа од Јапонија

Најава за мистериозен Bugatti

Audi TT RS во чест на 40 гдини на Quattro погонот во само 40 примероци

Благороднички луксуз на песокот во Сахара

SSC Tuatara го урна рекордот на Bugatti

Aventure Peugeot – реставрација на иконата 205 GTi

Nissan Juke родоначалник на нов сегмент слави 10-ти роденден