Fiat Punto се враќа 2022, како „брат“ на Opel Corsа и Peugeot 208

Историјата како и во се, така и во овој случај на „точката (Punto) од Торино,  се повторува, но сега работите се движат во друга насока…

Потсетуваме Opel Corsa D (2006 – 2014 година) беше изведена од моделот Fiat Grande Punto (2005 – 2009 година), од кои потоа потекнаа и Punto Evo и Punto (финален 2018), а по четири години пауза Fiat Punto ќе се врати на автомобилската сцена, како клон на новата генерација на Opel Corsa, односно нештата одат во друга насока!

Всушност попрецизно да се изјасниме и новата Opel Corsa а и идниот Fiat Punto се изведени, однонсо ќе биде изведен од францускиот адут во пониската класа Peugeot 208.

Мајк Менли (Mike Manley) првиот човек на FCA јасно дал на знаење дека Fiat ќе го напушти A- сегментот, целејќи купувачите да се префрлат во скалило повисокиот B- сегмент.

Од една страна тоа би значело крај за Fiat 500 но и за Pandа какви што денес ги познаваме.

Па Fiat 500, наскоро ќе стане електричен 500e и ќе ги напушти моторите со внатрешно согорување.

За концернот  FCA преминот на купувачите во  B- сегментот значи решение за  за минатогодишното запирање на производство на моделот Puntо.

Како е во процес фузија (спојување) на FCA со PSA, најверојатниот сценарио на неговото враќање е врз CMP платформата што ја користат  Opel Corsa, Peugeot 208 и DS3 Crossback.

Илустрацијата што е потпишана од Клебер Силва (Kleber Silva) е еден вид на најава на четвртата генерација на  Fiat Puntо со стилски елементи на Fiat Argo, модел од B- сегментот што се продава на пазарите во Латинска Америка.

За да се избегне пазарното преклопување со моделите Corsoа и 208, (еден вид на канибализам)  моделот Punto би можел да биде ниско буџетска верзија што би се натпреварувала со новата генерација на  Dacia Sandero.

Инаку Fiat Punto не напушти по 13 години на продажба на третата серија (Grande Punto, Punto Evo и Punto) односно на 25- годишна историја (1993 – 2018 година) на вкупната гама на Punto и на девет милиони продадени примероци.

Од новиот Fiat Punto, што ќе се произведува со бензински и со електрични погонски агрегати, се очекува на овие crash тестови на Euro NCAP да освои максимални пет ѕвездички.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Jaguar Land Rover Project Vector- иднината на убаната мобилност

2020 -Nissan Navara N-Guard унапреден работник за тешки задачи!

IED Tracy concept

Во Женава Toyota ќе настапи со мал crossover oд B сегментот

Во Женева деби на луксуз со Bentley Mulliner Bacalar

Конечно откриен Volkswagen Golf R (2021)- Top Gun компакт со 333 KS!

2021 Kia Sorento интуитивност за оубаво чувство во возењето!

Volkswagen Golf 8 GTD подготвен за дби на Palexpo 2020 во Женева!

HANKOOK е избран од AUDI за фабричко вградување во новите AUDI Q8 и SQ8