Fiat Tipo „задоволи“на тестот „северен елен“ на Тимот км 77!

Тест центарот од Пиринеите, km77, овој пат го стави на тест популарниот и достапен Fiat Tipo…

На  тестот „северен елен“ (ирвас), првата брзина на влегување била 77 км / ч. За жал, компактниот Fiat прикажа огромна доза на под -управување со оваа брзина, а возачот не можеше да го врати автомобилот во првобитната сакана траекторија.

Вториот и во исто време најуспешниот обид беше со брзина од 70 км / ч, каде што Tipo помина без проблеми. Следниот обид со брзина од 71 км / ч заврши повторно безуспешно …

Според експертите од центарот за тестирање, резултатот би бил далеку подобар доколку системот за пролизгување не реагираше предвреме.

Покрај тоа, тие тврдат дека споменатиот систем за електронска стабилност на возилото се однесувал чудно, сопирајќи го тркалото со најдобра влечна сила. Во велеслаломот, Тipo бил повеќе од одличен, со само мала поплака од возачот за „неагилно“ управување.

Пред да ве замолиме да го погледнете приложеното видео, да кажеме дека во Шпанија имаше верзија на Tipo со пет врати и со мотор 1.0 T3, со моќ од 73 kW,/100 КС. Значи, дека со кој било кој поголем мотор, под управувањето би бил повеќе изразено.

Дополнително, гумите на тестот беа ContiEcoContact 6 225 / 45R17V XL, на Continental, што значи дека тие ја поддржуваат економичноста, а не желбата за опасно динамично – агресивно возење.

Да потсетиме, Volkswagen Golf 8 на тест на „северниот елен“,  модел што е значително поскап метален миленик на четири тркала, успешно го заврши овој тест со максимална транзитна брзина од 69 км / ч.!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Постојан развој: Зголемен опсег за Opel Corsa -e и Mokka-e

Доделени првите енергетски ознаки за електричните автомобили

DS3 Crossback E-Tense ја зголеми автономијата со едно полнење на батериите

Револуционерно автомобилско седиште за деца!

Стратегијата 2.0-IONITY го забрзува ширењето на мрежата брзи полначи за EV

Renault иTheArsenale го претставуваат AIR4 –Таму каде одиме не ни требаат патишта

Новиот Peugeot e-208 и Peugeot e-2008

Електричните автомобили зиме трошат 25% повеќе струја

Ford и GM здружуваат силите со производители на чипови