Fiat Toro и Fiat Argo Selection

Fiat на пазарот во Бразил за моделска година  2020 ја прошири палетата на верзиите на pick-up возилото Toro, a истовремено го претстави и новото специјално издание на hatchback моделот Argo…

Камионетот Toro со основниот пакет на опрема Endurance и со бензински мотор со работен волумен од  1.8 –литри Flex мотор сега е достапен во комбинација со пет степен мануелен менувач на брзини.

На потенцијалните купувачи на располагање е и поевтината варијанта на камионетот Torо опремена со дизел  мотор со волумен од  2.0-литри, со турбо полнач.

Освен тоа, Toro моделска година 2020 доби и унапреден мултимедијален систем со екран од 7.0-инча дополнителна заштита на предниот браник како и три нови бои во палетата (Billet Silver, Deep Brown и Jazz Blue).

Пакетите на опрема што се нудат се и натаму: Endurance, Freedom, Volcano и Ranch, со опција  S-Design пакет црни елементи на надворешноста,затемнети ознаки, црна внатрешност).

Во гамата на агрегати се моторите: 1.8 Flex, 2.4 Flex и 2.0 Diesel, евеги сите понудени верзии:

Fiat Toro Endurance 1.8 Flex MT 5 (мануелен менувач со пет степени на пренс)

Fiat Toro Endurance 1.8 Flex AT 6 (автоматски менувач со шест брзини Ѕ Design)

Fiat Toro Endurance 2.0 Diesel AT 9 4×4 (автоматски менувач со девет брзини и погон на сите тркала)

Fiat Toro Freedom 1.8 Flex AT 6 (автоматски менувач со шест брзини)

Fiat Toro Freedom 1.8 Flex AT 6 S-Designм(автоматски менувач со шест брзини)

Fiat Toro Freedom 2.0 Diesel AT 9  4×4 (автоматски менувач со девет брзини и погон на сите тркала)

Fiat Toro Freedom 2.0 Diesel AT 9 4×4 S-Design (автоматски менувач со девет брзини и погон на сите тркала S Design)

Fiat Toro Volcano 2.4 Flex AT 9 (автоматски менувач со девет брзини)

Fiat Toro Volcano 2.0 Diesel AT 9 4×4(автоматски менувач со девет брзини и погон на сите тркала)

Fiat Toro Ranch 2.0 Diesel AT 9 4×4 (автоматски менувач со девет брзини и погон на сите тркала)

Уште една новина е специјалната серија на моделот Argo, што е направена во партнерство со Фудбалскиот Сојуз на Бразил.

Инаку, изведбата Argo Selection се базира врз Argо 1.0 Drive, a ќе биде понудена во лимитирана серија ос само 1.500 примероци, со фабричка гаранција од пет години  .

Во стандардната опрема, помеѓу другото спаѓаат и: мултимедијален систем со екран од  9.0-инча, елементи во блескаво црна боја, странични црни ленти, црни контрастни куќишта на ретровизорите, посебни ознаки за едицијата на B столбовите, како и Nike спортска торба!.

Оваа специјална едиција на купувачите ќе им биде понудена во шест бои на каросеријата и тоа: Portofino Blue, Indianapolis Yellow, Banchisa White, Alaska White, Black и Gray.

Кога станува, пак збор за цената, од фабриката навестија дека ќе ја соопштат дополнително!.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претставенa новата генерација на BMW Series 3 Touring

Промовирана KIA K7 Premier

Пробно производство на Aston Martin DBX

Bentley Flying Spur – ново остварување на супер луксузот

Mercedes-Benz GLB – Нов авантуриста на сребрената ѕвезда!

Новата генерација на Лилипутанецот на струја Renault Zoe со автономија од 400km

Тesla доби ривал од Кина-се вика XPeng P7

Новиот Land Rover Defender на финални тестирања во Кенија!

Електричниот Lotus Type 130 себитира на 16 јули годинава