Stellantis штотуку ги објави резултатите за 2022 година, а од истите произлегува дека брендот FIAT успеа да го воспостави своето глобално лидерство меѓу клучните играчи во оваа нова ера, со мора да се признае значајни резултати…
Оливие Франсоа (Olivier François), извршен директор на брендот FIAT и глобален маркетинг директор на Stellantis Group, рекол: „Fiat го потврди својот глобален успех, со значаен придонес за резултатите на Групацијата. Во однос на продажбата, Fiat е водечки бренд во групата Stellantis со повеќе од 1,2 милиони возила регистрирани во 2022 година, вклучувајќи ги возилата FIAT, Abarth и Fiat Professional.
Fiat е апсолутен лидер на пазарот во Бразил, Италија и Турција и ние брзо се движиме кон одржлива иднина со електричниот модел New 500, кој има регистрирано речиси 120.000 во минатата 2022 година откако беше претставен.
Во Европа, Fiat отсекогаш бил лидер на пазарот на градски автомобили. Особено, поради зголеменото внимание посветено на прашањата за животната средина,
New 500 – електричниот симбол на брендот Fiat – беше регистриран повеќе од 66.000 пати минатата година, од вкупно 120.000 продадени единици на глобално ниво откако беше претставен.
Овој неверојатен успех го прави најпродаван електричен автомобил на италијанскиот пазар, втор најпродаван во Шпанија и трет во Германија.
Fiat е убедливо најпродаваниот бренд во Јужна Америка, со пазарен удел од 13,6%, и е апсолутен лидер во Бразил, најважниот пазар на брендот.
Во 2022 година се регистрирани 430.000 возила и е забележан удел од 21,9% – најдобар резултат на годишно ниво, како и најдобар резултат од која било марка во последната деценија.
Извонредните резултати беа постигнати благодарение на моделите кои ги освоија срцата на Бразилците во различни сегменти: удел од 24,7% во категоријата мали автомобили, речиси 50% во категоријата пик-ап и 37,1% во категоријата комби.
И втора година по ред, моделот Fiat Strada беше најпродавано возило, додека Fiat Toro беше најпродаван C-пикап во земјата. Седанот Cronos, исто така, имаше добри резултати, со 49% поголема продажба отколку во 2021 година, како и компактниот теренец Pulse, кој продаде повеќе од 50.000 примероци во текот на годината.
На Блискиот Исток и Африка, резултатите беа извонредни, особено на турскиот пазар, каде што Fiat беше најпродавана марка четврта година по ред со удел од 18,7%.
Апсолутна ѕвезда дефинитивно беше Fiat Tipo, кој ја освои титулата најпродаван автомобил во земјата и крал на сегментот, кој беше избор на повеќе од 50% од купувачите.