Фирма од Австралија претстави електромотор моќен 1340 КС

Електромоторот HyperPower Technologies со развојно име “QFM-360-X”, се одликува со пречник од 43 сантиметри и дизајн што му овозможува да се спои со повеќе единици и да ја мултиплицира силата…

Компанијата HyperPower тврди дека дури десет електромотори можат да бидат поставени на едно заедничко вратило за да се добие моќ од 13.400 KС. За да го покаже тоа, HyperPower се здружил со Top EV Racing и направил “Top Fuel” електричен драгстер  што се задвижува од четири електромотори со вкупна сила од 5.360 KС.

Перформансите се проценуваат на: забрзување од нула до 200 км/ч за 0.8секунди,  од нула до 530 km/h за 3.7 секунди и топ брзина од  611 км/ч.

HyperPower е проект на Мичел Фрагомени – Michael Fragomeni,  основачот на Top EV Racinga.

Tој со својот тим се натпреварува со електрични драгстер модели веќе осум години, а повеќето делови сам ги развива и произведува бидејќи на пазарот нема ништо слично.

HyperPower е создаден со цел на комерцијализирање на поедини делови. “Тој мотор е врвот во мојата досегашна кариера и битен двигател за нашиот тим што сега ќе има електромотор во производство,” рекол Фрагомени.

                         

Некои од можните области каде таков електромотор би се употребил се аеронаутички апликации, рударство, брзи пруги, па дури и хипер автомобил. Автомобилот со само еден од овие електромотори веќе би бил еден од најмоќните во сериско производство. Уште едно подрачје на примена би бил и автомобилскиот спорт.

Електро – моторите се многу поефикасни од моторите со внатрешно согорување при задвижување на тркалата, а во случај на Top Fuel драгстерот, автомобилите што имаат над 5.000 KS ги пролизгуваат спојките половина од времето, што значи дека не ја искористуваат сета сила што ја произведуваат, вели Фрагомени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Peugeot управувач: Од едноставна “рачка” до мултифункцонален управувач

Во BMW применета вештачка интелигенција за фарбање каросерии

Ferrari нема да произведува електричен супер автомобил -струјата се уште заостанува со перформансите!

Според Ford: Ford Focus ST e супериорен во однос на VW Golf GTI

EuroNCAP со нови прописи и построги критериуми

Политики за поттикнување на употреба на автогас

Благодарение на Tesla и FCA е надвор од казнената зона за флотна емисија на штетни гасови

Porsche предвидува: моторите во иднина ќе растат

Радосна вест за моторџиите- Androi Auto и за мотоциклите!