Ford би можел да отпушти 8.000 работници!

Според агенцијата Bloomberg, американскиот производител на автомобили со стилизиран син овал во логото – Ford бара заштеди , а истото има намера да го постигне преку отпуштање на вработени на дури неколку илјади позиции во компанијата.

Планираните отпуштања првенствено ќе се однесуваат на одделот за развој на мотори со внатрешно согорување во САД. Во март 2022 година, претседателот на Ford, Џим Фарли (Jim Farley), најави поделба на марката на посебни сектори – Ford Blue, кој се занимава со мотори со внатрешно согорување и Model е, кој е специјализиран за развој на електромобилност. Како што пренесува Bloomberg, првиот наскоро би можел да стане жртва на реструктуирање.

За планираното отпуштање до 8.000 Ford Blue беше информирано од анонимни внатрешни извори на кои се повикува Bloomberg. Оттаму додаваат дека планот се уште не е одобрен, па деталите се предмет на промена. Неофицијалната причина за одлуката е заштедата што би можела да се потроши за развој на електрични возила.

Одлуката совршено се совпаѓа со претходните најави на Фарли, кој најави дека до 2026 година има намера да ги намали трошоците за околу 3 милијарди долари, пренесува Automotive News Europe (ANE).

Кратењата би се однесувале на различни оперативни позиции, најмногу во Соединетите Американски Држави, каде Ford вработува 31.000 вработени со полно работно време.

Треба да се спомене дека Фарли имаше визија за овие активности веќе во февруари, на автомобилската конференција Wolfe Research.

– Имаме премногу луѓе – цитира Automotive News Europe.

Bloomberg ја праша американската подружница на Ford за наводните планови за отпуштање.

Портпаролот Марк Труби (Mark Truby) објасни дека производителот се фокусира на трансформацијата за да профитира од придобивките во сегментот на електрични возила. „Поставивме јасни цели да ја намалиме структурата на трошоците и да станеме поконкурентни и подготвени за индустријата“, рекол  Труби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Tata е чекор поблиску до отворање фабрика за батерии за електронски возила во Велика Британија

Ford Transit 2024 година

Lada има најстарa понуда, а кинескиот Zeekr најмлада

McLaren има приоритет на профитабилноста пред електричните автомобили

Renault стана втор најпродаван бренд во Европа

Низ Минхен ќе возат автономните возила на Volkswagen

BYD Dolphin: Кинез кој може да ги збуни Европејците

Haval H6 затегнување на брчките

Во Германија запалени десет автомобили на Теslа,