Ford би можел дополнително а ја намали европската палета на патнички автомобили

Ford сè уште одредува во колку сегменти треба да биде во услови на континуирана потрага по профитабилност во Европа, рече главниот извршен директор Џим Фарли…

Европа е вториот по големина регион на Ford во однос на приходите, генерирајќи 25,6 милијарди долари во споредба со 109 милијарди долари на нејзиниот водечки северноамерикански пазар. Ford сè уште одлучува за големината на своето присуство во регионот надвор од бизнисот со комбиња, рече Фарли(Jim Farley).

„Одлуката е навистина „колку ни треба? Колку инженери, колку луѓе ни требаат во Европа и каков профил ни требаат во патничките автомобили?“, наведува Фарли.

Ford веќе го објави крајот на производството за Fiesta (прекината оваа година) и Focus (крај од 2025 година). Производството на Mondeo заврши минатата година, додека Galaxy и S-May исто така се укинуваат без директна замена. Ford ќе укине до 3.200 работни места низ Европа, соопшти германскиот синдикат ИГ Метал во јануари, бидејќи го намалува обемот на развојната работа што ја врши во Европа.

Кратењата ќе влијаат на 2.500 вработени во развојот на производи и до 700 во администрацијата, што ќе влијае на Белгија, Германија и Велика Британија, соопшти синдикатот. Од Ford одбија директно да коментираат за намалувањата односно со отпуштањата, но истакна дека компанијата претрпува значителна трансформација.

„До 2030 година, сите нови патнички автомобили што ги продава Ford во ЕУ ќе бидат електрични, а до 2035 година сите нови комерцијални возила Ford Prо ќе бидат електрични“, се вели во соопштението од јануари.  „Оваа трансформација бара значителна промена во начинот на кој ги развиваме, конструираме и продаваме возилата од понудата на Ford и ќе влијае на нашата организациска структура, талентот и вештините што ќе ни требаат понатаму“.

„Со оглед на променливото макроекономско опкружување и побарувачката во Европа, ќе ги направиме неопходните промени за да обезбедиме одржлив бизнис кој постојано генерира принос над нашата цена на капитал“, се вели во соопштението. Ford го заснова својот бизнис околу профитабилниот оддел за комбиња, како и SUV возилата.

Во март, Ford ќе го открие новиот електричен компактен crossover базиран на платформата MEB на Volkswagen Group, кој ќе биде пуштен во продажба до крајот на 2023 година. Неколку месеци потоа, ќе следи различна каросерија на овој автомобил. И двете ќе бидат изградени во Келн, Германија, како дел од инвестиција од 2 милијарди евра.

Доаѓа и Ford Puma EV, кој ќе биде лансиран во 2024 година, откако ќе биде претставен во летото 2023 година.

Одделот на Ford Model E има за цел да продава 600.000 електрични автомобили годишно во Европа до 2026 година, а секој патнички автомобил во салоните ќе биде електричен до 2030 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Dacia Duster без дизел мотор!

Urban SUV Concept на Toyota

Дали правилно го подготвив те вашиот автомобил за зимата?

Електричниот Hyundai Ioniq 6 е избран за шкотски автомобил на годината

Kia EV9 финалист во изборот за Европски автомобил на годината

Peugeot 208 Rallye

Вашиот автомобил ве шпионира!?

Потресна исповед на директорот на  Volkswagen 

Mercedes го сели производството на SUV моселот EQS од САД во Германија?