Ford Bronco- неодамна претставен, а за него веќе стасале 230.000 нарачки

Во почетокот на јули беше откриен Ford Bronco и оттогаш не престана да го  окупира вниманието на јавноста…

Каков хит на Ford. Моделот, кој го изгради своето име од 1966 до 1996 година, очигледно им недостасуваше на купувачите.

 

Според веб-страницата Bronco6G.com, производителот веќе има над 230.000 нарачки за овој легендарен теренец.

За Bronco, книгите за нарачки се отворија на 13 јули, практично веднаш по презентацијата.

Прашањето е кога ќе се реализираат сите овие испораки, но се знае дека првите примероци ќе им бидат доставени на клиентите дури следната пролет, а некои ќе треба да чекаат со сигурност и до 2022 година.

Ford Bronco на американско тло започнува со цена од 28.500 американски долари за моделот со две врати, или 33 000 долари за верзијата со два пара на врати.

Нема сомнение, дека Ford со толкав интерес би можел да го надмине својот главен конкурент Jeep Wrangler, што привлече 228.042 клиенти во минатата година.

Кој знае, ако се реализираат сите нарачки Bronco би можел да стане број 1 во сегментот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Daimler плати 1,5 милијарди долари за Регулаторот да ја запре постапката против него

Автомобилската индустрија во ЕУ произвела 2,4 милиони возила помалку

Есенски изненадувања од FIAT!

Ford ги запре испораките на Kugа PHEV поради опасност од самозапалување!

Mitsubishi од септември ги запира испораките на SUV возила во Европа

Уште еден познат автомобил исчезнува од пазарот во САД!

Toyota Corolla – Најпродаван автомобил во првата половина на 2020 година

Шефот на РЅА Opel од идната година ќе носи профит

Golf се врати на врвот на Европа!