Ford Explorer ја освојува Европа и почнува од Германија !

Американскиот производител Ford ги објави техничките детали и цената за SUV моделот Ford Explorer со plug-in хибриден погон наменет за пазарите ширум Стариот континент а пазарната приказна почнува од Германија…

Од Ford уште пред една година го најави пристигнувањето на хибридниот SUV Explorer на Стариот континент, а сега тој конечно е и во продажните салони во Германија.

Еxplorer Plug-in Hybrid (PHEV) има погонска единица  составена од 3,0-литарски EcoBoost V6 бензински мотор и електромтор што заедно испорачуваат моќност од 457 КС и 825 Nm максимален вртежен момент.

Електричната енергија се складира во литиум-јонска батерија со капацитет од 13,6 kWh.

Во чисто електричен режим за возење, овој SUV може да помине до 42 км пред да се испразни батеријата и да се вклучи бензинскиот мотор.

Просечната потрошувачка изнесува 3,1 л/100 км, а емисијата на CO2 изнесува 71 г/км.

Двата податока се добиени според WLTP мерните стандарди.

Батеријата на класичен домашен приклучок од 230 волти може да се дополни за 5 часа и 50 минути, додека ова време се скратува на 4 часа и 20 минути ако се користи опциониот Ford Connected Wallbox полнач или јавна станица за полнење со слични карактеристики.

-EcoBoost бензинскиот мотор е поврзан со 10-степен автоматски менувач, додека моќноста се пренесува на сите четири тркала преку Intelligent All-Wheel Drive системот. На возачот му се на располагање дури седум претходно дефинирани режими на возење.

Explorer PHEV може да повлече приколка со маса до 2.500 кг, кабината е стандардно опремена со три реда на седишта во кои можат да се превезуваат до 7 лица.

Во внатрешноста се истакнува и 10,1-инчниот екран од информативно забавниот систем SYNC 3 поставен на врвот од централната конзола како таблет, додека пред возачот се наоѓа уште еден дигитален екран со големина од 12,3 инчи кој пристигнува на местото на класичната инструмент табла. Како стандарден дел од опремата пристигнува и B&O аудио системот со 14 звучници.

Списокот на системи за асистенција кои се нудат во Ford Explorer за Европа е прилично долг, а меѓу останатите се нудат и адаптивен Cruise Control со Stop & Go функција, Speed Sing Recognition, Lane Centring, Reverse Brake Assist, Active Park Assist 2, Blind Spot информациски систем со Cross Traffic аларм, асистент за избегнување на судири со функција за активно кочење, камера од 360 степени…

Продажната офанзива на овој модел во Европа штотуку започна, па Ford ги објави цените за Explorer со plug-in хибридна технологија во Германија чини од 76.000 евра во ST-Line пакет на опрема, односно 77.000 евра во пакетот Platinum.

Според цената, Ford Explorer e во рангот на BMW X5 xDrive 45e, на Mercedes-Benz GLE 350 со 2,0-литарски дизел мотор и електромотор, како и plug-in хибридниот Audi Q7 55 TFSI, но според опременоста Ford Explorer во Европа уште од воведната верзија има ST-Line ниво на опрема и со сето погоре набројано цената можеби и не така „е-нормна“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Porsche 911 Targa 4S Heritage Design Edition

Новата Toyota Hilux се подготвува за премиера во друштво на Фернандо Алонсо

Cross sedan Citroen C3L пандан на Dacia Logan

Novi BMW Serije 4 Coupe стаса предвреме !

Пристигнува Fiat Tipo Cross

Citroen C1 JCC+ манекенски шарм на „шевронот” во мини пакување

Најавен новиот Nissan Qashqai

Ford Puma ST-Line Vignale и Puma sa 1,5 литарски дизел мотор

Нов голем Citroen пристигнува во 2021