Ford F-150 Raptor R

Ford ја претстави третата генерација на моделот F-150 Raptor во февруари 2021 година со 3,5-литарски twin-турбо EcoBoost V6 мотор, а сега пристигна и помоќниот Raptor R со мотор со осум цилиндри.

F-150 Raptor R е придвижуван од 5,2-литарски V8 мотор кој развива 700 КС и вртежен момент од 847 Nm (спарен со 10-брзински автоматски менувач).

Ford истакнува дека F-150 Raptor R тежи 2699 килограми, што е само 45 kg повеќе од V6 Raptor и значителни 181 kg помалку од Ram TRX.

За F-150 Raptor R, меѓу другото се ппредвидени, црна предна табла, дотерана хауба, гуми од 37 инчи, модифицирани браници, црни продолжетоци на браникот (напред со отвори за воздух), портокалови детали, ознаки R, затемнети задни светла …

Во внатрешноста има подобри материјали, стандарден 12-инчен екран на допир, Apple CarPlay и Android Auto, спортски седишта Recaro, како и кожа или Alcantara.

Ќе бидат понудени осум бои, вклучувајќи ги и новите бои   Avalanche и Azure Gray  .

Ford F-150 Raptor R ќе биде пуштен во продажба подоцна оваа година, по цена од 109.145 долари во САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пристигна новиот Citroën C5 X

Chery претстави пет модели под брендот Kaiyi

Mini Aceman Concept

Најавен MG 7

Обновени Fiat Cronos и Fiat Argo

Во “Sphere” новиот Peugeot 408 ги привлекува сите погледи…

Geely Binyue Cool

Нов Nissan X-Trail

Toyota Yaris Cross GR Sport