Ford F -150 Tremor co V8 мотор

Повеќе од една деценија, Ford нè убедува дека турбо бензин со шест цилиндри е подобра опција од атмосферски со два цилиндри повеќе во работен pick-up камионет…

Уште од дебито на моторите EcoBoost, американскиот производител на возила вложи многу труд, мака и секако пари во нив, па дури ни претстави и егзотичен модел како GT со јасна идеја да ја покаже својата супериорност.

Далеку од тоа, F-150 не остана бестселер и редовно не ја остава зад себе конкуренцијата од Chevrolet, RAM, Тoyota и Nissan, но не баш до степен до кој се надеваше.

Да, на Американците им се допадна турбо технологијата, но сепак има голем број на оние традиционални купувачи кои повеќе би сакале V8 под хаубата. F-150 моментално се нуди со три бензински мотори со шест цилиндри (еден атмосферски и два со турбо плус хибрид) и еден V8, а јавноста беше прилично изненадена кога пакетот опрема Тremor дебитираше минатата година со само 3,5-литарски турбо бензински мотор.

Тоа е многу популарна опција на F-150 со завидни теренски способности. Можеби не во иста мера како изданието Raptor, но за прифатлива цена, го добивате она што денешните купувачи навистина го сакаат, како груб стил и некои теренски способности.

Тremor ќе биде достапен со два мотори од следната година.

Стандардно ќе биде со 5,0-литарски со осум цилиндри погонски мотор , додека споменатиот 3,5-литарски турбо бензинец ќе биде опција за само плус 995 долари.

И двата развиваат 400 коњски сили, но разликата во вртежниот момент е повеќе од очигледна.

Coyote V8 може да се пофали со 556 Nm, а EcoBoost со дури 678 Nm максимален вртежен момент.

Секако, она што дополнително му оди во рака на турбо бензинецот е кривата на вртежниот момент, бидејќи тој развива најголема сила на само 1.800 вртежи, додека на атмосферскиот му се потребни 5.500 вртежи.

Не сме навистина сигурни зошто некој би избрал атмосферски, особено кога ќе видиме дека турбо бензинецот има симболична доплата во цената, но како што знаеме – Американците не се баш најпаметните и најрационалните луѓе. Во двата случаи, силата се пренесува на сите четири тркала преку десетстепен автоматски менувач.

Ford, исто така, ни кажа дека го отфрлил основното издание Tremor со помала опрема поради незавидната побарувачка, така што почетниот модел сега ќе чини 60.110 американски долари, наместо досегашните 54.120 американски  банкноти.

Цената може да изгледа астрономска, со оглед на фактот дека се работи за работен бренд како Ford, но всушност е во истиот опсег со просечната продажна бројка на овој камионет.

А за оние на кои тоа им е премногу, Ford ќе ви продаде сличен off-road модел без многу опрема наречен Rattler.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новата CATL платформа обезбедува 1000 km автономија и троши 10,5 kWh/100km

Lotus претстави полнач за батерии за ЕV со монструозна моќ

Nio ја проширува мрежата на станици за размена на батерии

BMW iX има вградена батерија која му дава домет од 978 km

Најава за електричен Renault 5

Воздушни перничиња во браниците

Започнува сериското производство на првата серија роботакси возила

Stellantis и Renault половните дизел комбиња ќе ги прават електрични

Автономен автомобил IndyCar ќе пристигне во Гудвуд следната година