Ford Fiesta EcoBoost Hybrid и Focus EcoBoost Hybrid

Од Ford ви најавуваат дека наредната година на европскиот пазар ќе лансира и mild hybrid верзија на неговите модели Fiesta и Focus …

Новитетите на компанијата со син овал во своето лого ќе се викаат Fiesta EcoBoost Hybrid и Focus EcoBoost Hybrid.

И двата автомобила ќе имаат мотор со три цилиндри, со работен волумен од 1,0-литри, бензинци, со EcoBoost технологија, со интегриран стартер/генератор, како и 48-voltа литиум – јонска батерија.

Автомобилот Fiesta EcoBoost Hybrid ќе се одликува со подобрени перформанси, a кога станува збор за потрошувачката на горивото таквата Fiesta на 100 km ќе троши4,9 L бензин , при што емисијата на CO2 ќе изнесува 112 g/km.

Кога, пак, станува збор за моделот Focus EcoBoost Hybrid, истиот на поминати 100 km ќе „пие“ 4,7 L бензин, што ќе биде проследено со емисија на CO2 од 106 g/km.

И на крајот, Ford Fiesta EcoBoost Hybrid и Focus EcoBoost Hybrid ќе бидат претставени за пет дена.

Поточно речено промоцијата ќе биде на втори април, годинава, на посебен настан организиран во Амстердам, Холандија, а повеќе информации ќе следат по премиерата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претставенa новата генерација на BMW Series 3 Touring

Fiat Toro и Fiat Argo Selection

Промовирана KIA K7 Premier

Пробно производство на Aston Martin DBX

Bentley Flying Spur – ново остварување на супер луксузот

Mercedes-Benz GLB – Нов авантуриста на сребрената ѕвезда!

Новата генерација на Лилипутанецот на струја Renault Zoe со автономија од 400km

Тesla доби ривал од Кина-се вика XPeng P7

Новиот Land Rover Defender на финални тестирања во Кенија!