Ford Focus ги затегна брчките и доби mild hybrid технологија

Американскиот hatchback претрпел блага рестлизација со ажурирање на технолошко ниво…

Ford му подари на Focus технологијата на „благ хибрид” од 48 V, надградена на турбо моторот со три цилиндри.

Овој систем дозволува споменатиот мотор сега да испорачува 155 КС, иако е достапен и во послаба верзија со 125 КС.

Според информациите обезбедени од американскиот бренд Focus со таа поставка (155 КС), во комбинираниот циклус на возење ќе троши 5,1 литар бензин на 100 км според протоколот WLTP.

Ford наведува дека лесната хибридна технологија ќе биде понудена во сите тримови (нивоа на опременост): Titanium, Active, Focus ST-Line, Vignale, како и во сите изданија (Hatshback, Sedan и Caravan.

Интересно е што понудената единица со системот од 48V исто така нуди можност за деактивирање на еден цилиндер кога неговото работење не е потребно.

Другите енергетски единици во портфолиото остануваат исти. Кај бензинските агрегати, станува збор за турбо мотори со зафатнина од 1,0 и 1,5 литри, додека кај дизел моторите, 1.5 EcoBlue и 2.0 EcoBlue единиците остануваат дел од Focus.

Што се однесува до другите измени, тие се минимални и може да се каже дека се сведени на инсталација на нов панел за дигитални инструменти. Панелот за дигитални инструменти има екран со дијагонала од 12,3 инчи и Focus го презема од моделот Kuga односно или Escape.

Ford  потврди дека ќе продолжи да продава хибридни и електрични возила во Европа, и дека до крајот на следната година ќе ги има вкупно 18 во понудата за клиенти на Стариот континент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Urban Aero го најави CityHawk, хидрогенскиот летечки автомобил

Jeep Gladiator сега достапен и со дизел мотор

Peugeot 108 доби освежување и нови бои

Volkswagen Golf 8 Alltrack -2021: crossover изведен од караванот – Variant

Нови дополнителни информации за Toyota Corolla Cross

Пневматиците за 20%ја зголемија автономијата на EV

Lamborghini го претстави Sian Roadster вреден над три милиони евра и веднаш го распродал

Hyundai го покажа ликот на Elantra N Line

Cupra го претстави својот жежок hatchback на струја, el-Born