Ford Focus RS RX на Кен Блок продаден за 200.000 долари

Малкумина се професионалните возачи кои привлекоа обожаватели ширум светот како магнет како што тоа го направи мајсторот за „дрифтање“  Кен Блок, а токму и таа негова популарност ја оправдува високата цена за Ford Focus RS RX што нему му припаѓаше….

Кен Блок (Ken Block) е познат по своите неверојатни автомобили и супериорни вештини за дрифтањет, а својот Ford Focus RS RX тој го продаде за ниту помалку, ниту, повеќе, туку 200.000 американски долари.

Сите пари ќе бидат донирани на Team Rubicon, хуманитарна организација која им помага на луѓето погодени од катастрофи.

Автомобилот беше продаден на аукција во Barret-Jackson.

Станува збор за Ford Focus виден во видеото Gymkhana Nine Raw Industrial Playground, кое имаше повеќе од 46 милиони прегледи на видео сервисот –  YouTube.

Тоа е rally – cross  автомобил кој го поминал својот „живот“ пред милиони луѓе на разни патеки.

Потсетуваме, истиот е придвижуван од 2.0-литарски бензински агрегат, со четири цилиндри , со турбо полнач Garrett, кој испорачува  моќ од жешки 600 расни грла.

Автомобилот исто така има и засилена шасија и располага со амортизери на  Rieger.

Силата се пренесува преку петстепен последователен (секвенционален)  Sadev менувач на брзини, заден диференцијал Sadev и централен диференцијал Sadev.

Внатре, заштитниот кафез е изработен според спецификациите на FIA, а тука треба да се потенционира и M-Sport мултифункционалниот управувач.

Навистина убава играчка за тие што знаат како од неа да ги исцедат крајните можност и на публиката да и понудат адреналинско уживање во бравурозните „фигури“ и танцување на асфалтот,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рекорд во дрифтање со автомобил на струја!

Несмасно паркирање на електричниот Taycan

Бетонска плоча падна врз паркиран SUV

Специјална едиција на Morgan

Електричен Volkswagen e-Kubel

Dacia Grand Duster со седум седишта

Renault во Индија претстави crossover концепт Kiger

Најавен Mercedes Maybach S Class

Супер гаража вредна 13,5 милион долари design by McLaren