Ford GT Le Mansory – тјунинг што ве обзема?

Mansory tuning е познат по интересни примери, а сега неговите експерти го земаа во свои раце моделот GT на Ford …

Речиси кодно име „ Le Mansory“ на оваа специјализирана за преработка на автомобили работилница, го претставува најновиот проект на куќата.

Под агресивните браници и спојлери се наоѓа Ford GT, позната возачка икона. Mansory доби три примероци, кои тој ги рафинирал и брусел според неговата желба, и тоа предизвика лавина коментари во оваа гранка.

Во овој tuning пакет своето место го пронајде специјалната боја Bleurion Race, како и агресивниот aero body kit изработен од карбонски влакна.

Тој body-kit се состои од преден спојлер, отвори за воздух, сет на прагови, заден дифузор и заден спојлер.

Исто така, има пошироки калниции, детали со илустрација на карирано знаме, но исто така и нов LED светлосен потпис.

Под хаубата на моторот е инсталиран 3,5 twin-turbo, EcoBoost V6 мотор кој наместо фабричките 655КС и 745Nm, развива  710КС и 840Nm, што е доволно за овој култен автомобил да достигне максимум 354 км/ч.

Ентузијастите сигурно ќе уживаат во спортскиот издувен систем со три издувни цевки, но и нов сет на алуминиумски тркала од 21 инчи.

Ентериерот изобилува брусена кожа, а највпечатливи се праговите на Le Mansory во црно-бела шема.

Без сомнение, овој автомобил и во наредните години ќе предизвикува лавини од коментари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обновената Porsche Panamerа постави нов рекорд на Нирбургринг

Идеално решение за SUV на Ferrari

И Tesla отвара фирма за тјунинг на автомобили

Alfa Romeo Giulia  со над 400.000 поминати километри

Гаража во Токио место од соништа за вљубениците во Lamborghini

Maserati Ghibli Trofeo, Quattroporte Trofeo  и Levante Trofeo

Новиот Nissan GT-R пристигнува 2023  година со хибриден погон

Auto Bild го најавува Volkswagen Golf 8 Variant

Од млазен авионски мотор до куќичка за кампување!