Ford и GM здружуваат силите со производители на чипови

Понекогаш треба да ги преземете работите во свои раце!

Производителот на автомобили Ford Motor Company и светскиот производител на полупроводници, GlobalFoundries, почнуваат да работат заедно на производство на чипови. Целта на соработката е да се подобри производството на полупроводници на пазарот во САД, а потоа да се обезбеди понатамошен извоз.

Потребата за чипови во автомобилската индустрија е зголемена во последните години, поради специфичноста на новите производствени технологии и зголемувањето на производството на електрифицирани возила.

Со оглед на тоа дека ситуацијата со недостигот на чипови би можела да трае со години, а потоа тука е и пожарот во фабриката на Renesas Electronics Corp, од Ford проценија дека треба да почнат сам да го  произведува овој дел што станува есенциален во автомобилската индустрија. Покрај тоа, неколку фабрики на Ford беа затворени поради недостаток на чипови. Договорот меѓу двете компании е необврзувачки, а главната намера е да се подобри достапноста на полупроводниците во автомобилската индустрија.

Во потфатот за производство на нови чипови, GM соработува со партнери како Qualcomm, TSMC и други. Тука е интересно е тоа што GM се одвои од AMD во 2009 година, станувајќи четврти најголем производител на полупроводници во светот, веднаш зад TSMC, Samsung и UMC. Денес, произведува чипови за AMD, Qualcomm, па дури и Samsung.

Оваа година компанијата излезе на берза, а нејзиниот извршен директор рече дека залихите на чипови се распродадени до 2023 година.

Можеби оваа акција на Ford ги мотивира другите производители да започнат слични соработки.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Постојан развој: Зголемен опсег за Opel Corsa -e и Mokka-e

Доделени првите енергетски ознаки за електричните автомобили

DS3 Crossback E-Tense ја зголеми автономијата со едно полнење на батериите

Револуционерно автомобилско седиште за деца!

Стратегијата 2.0-IONITY го забрзува ширењето на мрежата брзи полначи за EV

Renault иTheArsenale го претставуваат AIR4 –Таму каде одиме не ни требаат патишта

Новиот Peugeot e-208 и Peugeot e-2008

Електричните автомобили зиме трошат 25% повеќе струја

Ford и Rivian нема заеднички да склопуваат EV, но секо добил тоа што посакува!