Ford користи домати во изработка на автомобили!

Осушената корупка на омилениот зеленчук и прилог во повеќето свежи салати се планира да биде употребена за производство на композитни материјали за носачите и за панелите за изолација во автомобилите на производителот со син овал во логото…

Од Ford објавија дека соработуваат со познатиот производител на преработки од домати – познатата компанија Heinz.

Станува збор за заеднички, истражувачки, проект,  што предвидува користење на влакната од доматите во изработката на  новите композитни материјали што се еколошки одрживи.

Потенцијалот на отпадните материјали од процесирањето на доматите е големо во автомобилската индустрија, па така, на пример, од исушената кора на доматите ќе се произведуваат носачи на жици како и на панели за топлинска и звучна изолација на возилата на  Ford.

Што друго во нашите автомобили  би можело да биде изработено од нус продуктите при преработката на доматите – односно при производството на кечап останува да видиме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Воената полиција на Русија вежба возачки вештини!

Најбрз блиндирана автомобил на светот !

VW добива нов шеф доаѓа од директорската „фотељата” во Porsche!

За Ford Bronco нема непристапен терен!

Tesla подготвува уште еден pick-up, покрај Cybertruck

Polestar и Koenigsegg ќе „танцуваат” заедно!

Infiniti станува Nissan plus!

DMC Ferrari 812 Superfast Spia

Hennessey Performance Jeep Grand Cherokee Trackhawk со1012 KС