Ford Mustang GT од филмот Bullitt продаден за 3,74 милиони долари

Аукциската куќа Mecum Auctions објави дека минатата недела за 3.74 милиони долари го продале легендарниот автомобил и поставиле рекорд кога станува збор за продажна цена на некој Mustang…

Својата популарност овој Mustang GT од 1968 година ја должи најмногу на легендарниот актер  Стив мек Квин (Steve McQueen), што своето лудо возење лично го одработил (без каскадери) на спомнатиот акционен филм. Таму го играл лиот на полицаецот Френ Кулит ( Frank Bullitt), по кој и филмот е насловен.

Но интересна е судбината што по овој филм го следела автомобилот. Најнапред е продаде на еден од вработените во филмското студи  Warner Brothers. Подоцна возилото се нашло кај еден полициски детектив, за потоа најдолго да се задржи кај Роберт Каернан ( Robert Kiernan).

Иако добивал многу понуди секогаш ги одбивал. Дури се заблагодарил на понудата и од човекот што го прославил автомобилот – Стив Мек Квин.

Славниот Стив дури му напишал и писма во кои го молел да му го продаде автомобилот со кој емотивно бил поврзан, пред се да го задри во состојбата во каква бил веднаш по снимањето на филмот.

Меѓутоа сопственикот останал „глув“ на сите барања од популарниот актер. За жал популарниот Стив Мек Квин починал од рак на белите дробови во 1980 година на возраст од 51 година.

Но откако и Киернан починал во 2014 година, возилото го наследил неговиот син  – Шин (Sean).

Важно е дека на некој начин бил исполнета желбата на Стив Мек Квин, возилото останало непроменето, односно во сита состојба каква били и веднаш по снимањето на сцените на култниот филм.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одложена премиерата на електричниот Jaguar XJ

Новиот Peugeot 3008 со Coupe – SUV става!

Франција- 90% сопственици на електрични автомобили ги полнат возилата дома

Ќе ги „претрка” и Nikola и Tesla и прв ќе произведе камионет на струја!

Најскапите 10- супер автомобили на светот

Škoda Scala Spider станува Slavia и потсетува на првите почетоци на марката

Jeep Renegade Orange Edition

Cupra Formentor e новиот официјален автомобил на ФК Барселона !

„Воскреснатиот” Aston Martin DB5 чини само 2,75 милиони фунти!