Ford Mustang како електричен драгстер со 1500 КС

Ford се пофали со нов тркачки автомобил, базиран на Mustang, кој со 100% електричен погон во трка за забрзување од четвртина милји бележи време од само 8,27 секунди и достигнува брзина од 270 км/ч…

Прилично фасцинантно достигнување се пофалија деновиве од Ford.

Нивниот легендарен модел Mustang, со помош на американскиот производител на електрични возила Cascadia Motion, се претвори во уникатен драгстер, автомобил специјално направен за трки во забрзување во должина од четвртина милји.

Иако се нарекува Ford Mustang Cobra Jet 1400, овој „нездраво” брз Mustang не развива 1.400, туку максимум 1.502 КС.

Добиена од вградени батерии, преку четири електромотори, по еден на секое тркало, оваа моќност се пренесува на патот на многу ефикасен начин – така што Ford Mustang Cobra Jet 1400 бележи скоро неверојатно време од 8,27 секунди на четвртина милја, додека постигнува брзина од 270 км/ч. Лансирањето од местото на стартот е толку моќно што возилото се искачува на задните тркала, што може да се види на видеото од кое Ford го претстави овој автомобил.

Ford сè уште ги крие техничките детали за ова возило.

Најавено е дека неговите електрични мотори достигнуваат брзина од дури 10.000 вртежи во минута, додека деталите за нив, како и за батеријата, сè уште се тајни.

Откриле дека секој од моторите има свој инвертер кој работи на 800 V, има потенцијал да „повлече“ до 700 ампери електрична енергија и да произведе 469 КС.

Електрониката ја регулира работата на моторот, така што тие не ја постигнуваат максимална моќност истовремено, поради што максималната измерена моќност е „само“ 1.502 КС.

Треба да се напомене дека овие резултати се добиени со интерни тестови во идеални услови, но и дека Ford вели дека сметаат дека овој Mustang има сила и потенцијал да постигне уште подобро време на трката во должина од 402 метри.

Првиот јавен настап, но само во ревијален стил, електричниот Mustang Cobra Jet го имаше минатиот викенд на драга трка U.S. Nationals во Индианаполис (Indianapolis) САД.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

210 години PEUGEOT! Години исполнети со емоции, индивидуалност и иновации

Hyundai до 2028 на пазарот ќе исфрли автомобили што летаат!

Ferrari Omologata уникат направен врз основа на 812 Superfast

Bugatti со хипер „тркач“ на струја!

Босанскиот Tesla Cybertrack направен во Мостар, но нема електричен погон

McLaren Senna GTR LM уште посупериорни изведба на “спортистот“

Видео Најголемиот pick-up на светот

Cupra и Abt Sportsline во поход на Extreme E шампионатот

Vanderhall најави своја прва креација на четири тркала  – моделот Navarro