Ford Mustang Mach-E 1400 – тркач со седум електромотори!

Сериската изведба на електричниот кросовер Ford Mustang Mach-E ќе се појави во продажните салони кон крајот на тековната година а оваа „навиена ” перформанс креација го претвора во „монструм” со 1400 електрични понија…

Да, во просторот до пазарното лансирање, Ford го претстави тркачкиот електричен автомобил Mustang Mach-E 1400, што има за цел да ја најави и рекламира верзијата која ќе влезе во масовно производство.

Прототипот Mustang Mach-E 1400 е развиен од страна на Ford Performance и RTR Vehicles специјализирана за тјунирање на Ford возила, а во развојот на овој прототип, двете компании вложиле над 10.000 работни часа.

За разлика од продукциската верзија, тркачкиот Mustang Mach-E 1400 ја задржа каросеријата, иако предниот дел и аеродинамичната „опашка“ се изработени од карбон, додека хаубата е обликувана со користење на органски композити.

Спојлерите и останатите елементи обезбедуваат вертикален аеродинамичен притисок до 1.043 kg F при движење од 257 км/ч, а освен тоа, компанијата не сака да ја открие други детали како, максималната брзина на тркачкиот crossover, сo напомена дека споменатата граница е и тоа како достижна.

Исто така, во споредба со продукциската верзија на Mustang Mach-E, која користи еден или два електромотори, овој специјален примерок има дури седум од што три се поставени на предната оска, а четири на задната.

Двете оски се опремени со конвенционални диференцијали, споени со електромоторите преку погонските оски при што најголемата излезна моќност на седумте електормотори изнесува 1.400 КС.

Зависно од потребите, контролната единица определува колку и на која оска ќе биде испратена моќноста.

Прототипот поседува понапредно и поскапо батериско пакување составено од литиум-никел-манган-кобат-оксид ќелии, со капацитет што не е преголем – изнесува 56,8 kWh, но се одликуваат со поголема можност за енергетска размена и поефикасен разладувачки систем.

Конструкторите истакнуваат дека Ford Mach-E 1400 е во состојба да учествува на трки на патеките, но и на улични трки, а неговото деби ќе биде на трките на NASCAR, по што Ford ќе го користи прототипот за тестирање на нови компоненти, решенија и материјали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Škoda Enyaq iV- 2021: прв чешки SUV, класа на Kodiaq е навистина „вау”!

Електричен  Aviar R67 – Mustang на струја од Русија

Електричниот Fisker Ocean ќе се произведува во Австрија!

Hyundai го лансира Ioniq како нов суб-бренд за ЕВ

Lucid Air ќe го надмине Teslа во однос на автономијата на EV

Над милион јавни полначи за EV ширум светот

Audi брзината на процесорите поважна од бројот на КС

Групацијата FCA со партнерот Waymo уште поблиску о возење без возач!

Покажан првите примероци на хипер автомобилот Bugatti Divo