Ford Mustang Shelby GT-S co 700+ KS

Мотор со компресор со волумен од 5.2-литри, со осум цилиндри во V конфигурација и седум степен автоматски менувач со двојна спојка од 0 до 100km/h забрзува за 3,4 секунди и постигнува топ брзина од 310 km/h

Вистински болид за јавни патишта што се одликува со одлично подвозје и, за дополнителна забава во возењето, погон на задна оска..

Новата верзија на американската икона од Детроит сега пристигнува во supercharged верзија со бензински агрегат, навиен со механички Roots компресор и интеркулер, со работен волумен од 5,2 лири, со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V, со моќ поголема од 700 KS.

Машината доаѓа во комбинација со автоматски менувач со двојна спојка и седум степени на пренос на силата , што е новитет во понудата на Mustang, a бруталната сила на агрегатот ја насочува на задната оска.

Таа комбинација е гарант за супериорни перформанси: забрзување од 0 до 100 km/h за само 3,4 секунди и постигнување на максимална брзина од дури 310 km/h.

Кога на тоа ќе се надоврзе извонредното подвозје (тоа е мора да признаеме специјалност на Ford) имаат влезница за врвна забава во возењето .

Каково реалност изгледа Ford Mustang Shelby GT-S, што инаку се очекува наесен, наредната 2020 година можете де погледнете во видео записите со кои е проследена информацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот  Ford Focus ST Wagon жежок семеен автомобил

Porsche Cayenne S Coupe со V6 и 440 КЅ!

Претставен новиот McLaren Gt нов диктатор во лигата!

Opel Grandland X отсега ќе вози и на струја со 300 КЅ!

Citroen со ултра удобен футуристички концепт -Citroen 19_19 concept

Porsche 911 Targa (2020.) уловена на тестирање на автопат

Dacia на струја пристигнува 2021 година

VW I.D. доби име I.D.3 на финално филигранско дотерување пред лансирање!

Chevrolet Corvette C8 2020, на стартот како coupe – cabrio