Ford подготвува Hybrid Mustang со погон на сите четири тркала!?

Неодамна Ford пријави патент на погонски систем што би можел да се користи во разни модели, но најинтересно е секако, неговата примена во моделите Mustang, односно во pick – up возилата од серијата F

Прв за регистрирањето на патентот информираше Autoguide, a станува збор за хибриден погонски систем со два електрични мотори.

Попрецизно, хибридниот систем е сочинет од бензински мотор со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V, за кој во моментов не се знае колкав е работниот волумен и моќноста, во комбинација со два електромотора.

Бензинскиот агрегат со внатрешно согорување би бил задолжен за задвижување на тркалата од задната оска, додека електромоторите би ги движеле предните тркала.

Покрај големата моќ и вртежен момент овој систем би требало да понуди компактно пакување и помала маса на самиот погон на сите четири тркала, во споредба со традиционалните решенија.

Патентот, воедно, упатува на тоа дека моторот ќе биде опремен со интегриран електро-задвижувач / генератор.

Овој сиситем би требало да произведува струја за електричните мотори и така да им помага на батериите.

Од Ford претходно потврдија дека наредната година би требало да биде претставен Mustang со хибриден погон и по се изгледа дека спомнатиот погонски систем би можел да се вгради во него,односно во некоја негова хибридна верзија.

Имено, се очекува дека основниот хибриден Mustang би требало да користи бензинец со работен волумен од 2,3- литри, EcoBoost, со четири цилиндри со електричен мотор сместен помеѓу бензинецот и менувачот, со комбинирана моќ од околу 400 KS.

Ново развиениот погонски склоп , според тоа, би можел да се вгради во некоја посебна верзија на хибриден Mustang, или во следната генерација на тој модел кој на пазарот се очекува да пристигне во првата половина на наредната деценија.

 

Овој хибриден погон исто така би можел да се вгради и во следната генерација на популарната F серија на Fprd камионетите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi A8 уште по напреден со нова иновација- паметно потпирање!

VW со нов мануелен менувач ќе ја намали потрошувачката за 5%

Првиот Toyota Prius PHV со соларни панели !

ZF co паметна трансмисија на силата!

Ducato MY2020 electric: повеќе технологија, поeфикасeн и со поголема вредност!

Поминаа  60 години откако Volvo ни го подари безбедносниот ремен!

Претставена автономната BMW Series 7!

KIA и Hyundai- Дополнителни инвестиции во автономни возила

ACEINNA со нова сензорска единица за инерцијални мерења!!!