Ford постави цел – до 2050 година да стане карбон-неутрален

Компанијата Ford Motor има за цел да стане карбон (јаглерод) неутрална до 2050 година и да ги исполни обврските преземени со Парискиот договор, објави во недамна американскиот производител на автомобили…

Реализацијата на оваа цел подразбира фокусирање на повеќе области: самите возила и нивна употреба, потоа мрежата на добавувачи и компаниските капацитети и погони.

Покрај тоа, Ford објави дека претходно најавените планови за снабдување на сите свои производствени капацитети со локална обновлива енергија во наредните 15 години се реализираат според распоредот.

Американскиот производител на автомобили, исто така, ќе инвестира 11,5 милијарди долари во електрични возила до крајот на 2022 година.

„Можеме да развиеме и произведуваме одлични возила и да имаме одржлив економски развој додека ја заштитуваме нашата планета – всушност, тие цели се надополнуваат едни со други“, рекол Боб Холликрос, директорот на Ford за одржливост, животна средина и безбедност.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

WEY Project 01

Kia Sorento Hybrid и официјално стартува со производство

Новата Opel Mokka  со ново лого на Opel

Произведен првиот Aston Martin DBX

Ексклузивно- Toyota денес открива нов модел – crossover базиран врз Corolla?

Најавен нов Haval H6

Вуков од сезонава со Порше Карера во нов предизвик: Голем предизвик за мене!

Citroën C5 во 2021 ќе атакува на VW Passat!

Daimler ја продава фабриката на Smart, можен купувач- Ineos, производител на Grenadier. наследник на класичниот Defender !