Ford Pro Electric SuperVan

Многу примероци на Ford’s Transit Combe напорно „работат“ зад сцената на овогодинешниот Goodwood ​​Festival of Speed, а еден e навистина посебен и се најде на централната сцена…

Станува збор за концепт кој има четири електромотори кои заеднички испорачуваат 1.973 КС на сите четири тркала, а кои од 0 до 100 km/h забрзуваат за помалку од две секунди.

Ова е четврти концепт SuperVan од серијата кој датира од 1971 година, кога некој добил идеја да „спакува“ V8 мотор од моделот GT40 во првата генерација на Transit.

Ford го повтори тој трик во осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век, кога се појавија SuperVan 2 и 3, но овој пат пристигна и електричната варијанта.

Комбето е развиено од STARD Motorsport, а дебито беше викендот на Goodwood ​​Festival of Speed.

Зад воланот бил победникот на 24 часа Ле Ман Ромен Думас (Romain Dumas), а Ford се надева дека Pro Electric SuperVan ќе привлече интерес за сериското поврзување E-Transit и Ford SYNC.

Проектите како овој често се засноваат на уникатна шасија и изгледаат како вистински автомобил, а тоа е делумно точно за овој SuperVan кој има карбонски панели кои кријат „челични цевки“. Сепак, Ford вели дека подот всушност е земен од комбето E-Transit Custom.

Целокупната форма е исто така многу слична, од предната страна и од профилот. Предниот сплитер, агресивните прагови, тенките ретровизори и фиксните стакла говорат дека ова е без сомнение посебен Transit, а задниот дел е посебна приказна со спојлер на покривот и огромен дифузер кои создаваат најголема потисна – надолна сила (downforce) и привлекуваат најголемо внимание.

Внатре во комбето има заштитен кафез, мал волан обложен со Алкантара, голема дигитална група инструменти и екран на допир во стил на таблет, исто како оној што се наоѓа во Mustang Mach-E и потенцијално во E-Transit Custom (2023) .

Екранот на допир и хардверот за поврзување на Ford SYNC ќе им овозможат на сопствениците на E-Transit да пронајдат станици за полнење по 380 километри, електричниот опсег што ќе го нуди електричното супер комбе на Ford.

Ford SYNC е исто така дел од концептот, но е реконфигуриран да остварува повици и да избира помеѓу режимите на возење Road, Track, Drag, Drift и Rally, како и три нивоа на регенеративно сопирање.

Покрај тоа исто така, испраќа податоци за перформансите до инженерите на Ford кој ја следат динамиката и ги анализираат добиените податоци .

Исто така, Думас може да прикаже и „режимот за чистење гуми“ (Tire Cleaning mode) што им овозможува burnout (да „изгорат“) на гумите за да се подготват и да се загреат за старт.

Навистина супер моќен електричен ван на производителот со син овал во логото.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Citroen C5 X Plug-in хибрид

Познато е колку ќе чини синтетичкото гориво

Porsche тврди дека EV може да бидат попрофитабилни од термичките

Ford развива полнач што самиот се „закачува“ за EV

Ford F -150 Tremor co V8 мотор

Mahindra претставува нова понуда на електрични возила

Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio Verde by ErreErre Fuoriserie, спортска икона со 510 KS

Cadillac Celestiq concept

Нов електромотор што продуцира високи перформанси не само на кус рок