Ford Puma се враќа како crossover врз база на Fiesta

Производителот на автомобили со син овал во логото го враќа името Puma но наместо coupe како што беше претходникот сега ќе биде crossover модел поставен врз платформата на новата Fiesta

Повисокото растојание од подлогата и повисоката позиција на возачот се интересно модулирани во должина од 408 cm.

Ќе има погонски единици : со три цилиндри – турбо бензинец, со работен волумен од 1.0-литри, со моќ од 85 до 140 KS и турбо дизел од 1.5-литри со моќ од 85 до 120 KS.

Новиот crossover ќе биде директен конкурент на Volkswagen T-Roc.

Да, како последица на големата популарност на crossover модели во  B-сегментот, што и натаму се зголемува, ги поттикна челните луѓе на европската филијала на Ford, во Келн (Köln)  да осмислат сопствен модел што ќе се базира врз новата Fiestа.

Притоа ќе го искористат и атрактивното име Puma, што во период од 1997, до 2002 година беше користено за coupe базиран на тогашната Fiestа.

Новиот  crossover од пониската класа (B- сегмент) ќе има должина од 408 cm и ќе користи само погон на тркалата од предната оска.

Во палетата на агрегати како што спомнавме ќе ги има како базен со волумен од 1.0- литри,  EcoBoost со сила од 85 до 140 KS о турбо дизел, со четири цилиндри, волумен од 1.5 –литри во верзии на моќ од 85 до 120 KS.

Како и да е новата Ford Puma се очекува да се појави есента, најверојатн на салонот за автомобили во Франкфурт.

Ќе го напаѓа директно Volkswagen T-Roc, но и новата генерација на еден од нај популарните crossover модели во светот Nissan Juke и европските лидери Renault Capture и Peugeot 2008 .

Познавачите предвидуваат дека почетната цена, на пазарот во Германија ќе стартува од 18.150 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претставенa новата генерација на BMW Series 3 Touring

Fiat Toro и Fiat Argo Selection

Промовирана KIA K7 Premier

Пробно производство на Aston Martin DBX

Bentley Flying Spur – ново остварување на супер луксузот

Mercedes-Benz GLB – Нов авантуриста на сребрената ѕвезда!

Новата генерација на Лилипутанецот на струја Renault Zoe со автономија од 400km

Тesla доби ривал од Кина-се вика XPeng P7

Новиот Land Rover Defender на финални тестирања во Кенија!