Ford Puma ST Gold Edition

Ford of Europe ги замоли фановите преку Instagram и Twitter во рок од 10 дена да го изберат дизајнот на специјалното издание Puma ST, а овој конечен резултат (име) доби скоро 275 000 гласови…

Покрај тоа, Ford им дозволи на фановите да го изберат името на овој спортски crossover, со тоа што Puma ST Gold Edition доби 59 проценти од гласовите.

Мнозинство од 56 проценти одлучија дека надворешноста треба да биде црна, тркалата во златна боја, со црвени клешти на сопирачките, тркачки линии и ленти на хаубата и покривот, како и контрастни шевови во внатрешноста.

Цената на овој Puma ST сè уште не е објавена, додека испораките се најавени за крајот на оваа 2021 година.

Puma ST вообичаено има aero body kit (модифицирани браници, комплет прагови, заден дифузер, спојлер на задниот покрив …), предна саќеста маска, црвени ознаки ST, 19-инчни алуминиумски тркала, модифицирана суспензија, подобрено управување, спортски издувен систем , посилни сопирачки, како и спортски ентериер со седишта Recaro, спортски педали и кожен волан со зарамнет долен дел.

Покрај тоа, постои опционален механички диференцијал со ограничено лизгање, како и неколку режими на возење (вклучувајќи го и режимот Еco).

Под хаубата се наоѓа 1,5-литарскиот со три цилиндри EcoBoost турбо бензинец од Fiesta ST кој има моќност од 200 КС и 320 Nm вртежен момент (заедно со шест (6_степен мануелен менувач).

Puma ST забрзува од 0 до 100 км/ч за 6,7 секунди и може да достигне максимум 220 км/ч.

Потрошувачката на гориво е 6,9Л / 100км според фабричките податоци, додека емисиите на CO2 се 155 гр/кмm (според WLTP.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi Sky Sphere Concept

Fiat Pulse – внатрешност

Новиот Subaru WRX најавен за 19 август

Пристигна Fiat 500 Cabrio Dolcevita – убавина што го одзема здивот

Alpinа B4 Gran Coupe

Пристигна новиот CITROËN C3 AIRCROSS SUV

Најавен и EQS луксузен SUV на Mercedes-Maybach

Fiat Centoventi – новата Pandaпристигнува идната 2022 година!

Great Wall Tank 600