Ford со големи надежи во електричен SUV што наликува на Mustang

Претставено е и заштитното лице на овој потполно нов модел на производителот на автомобилски гигант со син овал во логото, што наскоро, ќе биде промовиран на претстојниот салон за автомобили во Лос Анџелес, Калифорнија…

Од Ford, деновиве потврдија дека е постигнат договор со холивудскиот актер Идриз Eлбa (Idris Elba).

Имено, тој ќе биде новото заштитно лице на автомобилскиот гигант од САД и тоа за моделот што допрва треба да се појави на автомобилската сцена, потполно новиот електричен Ford Mustang што е вдахновен од глобално популарниот SUV формат.

Оваа ѕвезда од Велика Британија не го криела своето воодушевување: „Повеќето од луѓето тоа се уште не го знаат, но јас бев вработен во Ford. Тоа ми е, може да се рече, практично во крвта. Значи, работењето на овој интересен проект и седнувањето зад управувачот на автомобилот што треба да не поведе во иднината, при што со себе ни донесува повеќе возбуда, восхитување и напредни технологии“ е нешто што навистина во целост ве обзема.”

Ние само ќе додадеме дека актерот во подем ќе учествува во откривањето и во промовирањето на целосно нов модел, што ќе има автономија (досег) во возењето со едно полнење на пакетот на батерии до 600 km, а истото ќе се пренесува во живо од градот на Ангелите Лос Анџелес, САД, на 18-ти  овој месец (ноември) тековната 2019 година.

Значи треба да бидеме трпеливи и да почекаме две недели до вистинското возбудување

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Polestar и Koenigsegg ќе „танцуваат” заедно!

DMC Ferrari 812 Superfast Spia

Hennessey Performance Jeep Grand Cherokee Trackhawk со1012 KС

Mazda RX-Vision GT3 (2020): Со „огнено крштевање“ на PlayStation повикува на враќање на Wankel мотор

Ќе ја биде – нема да ја биде – Alpine ќе опстане како производител на електрични возила

Spiderman ќе вози Hyundai Sonata

Најпознатиот автомобил на Џeмс Бонд повторно во производство- Цена „боли глава”

Екстремна заштита: Блиндирана G Class што ниту 13 кг. TNT не и можат ништо

Одложено пристигнувањето на Ford Mustang Mach-E во Европа