Ford со LHI „гледа“ зад агол, предупредувајќи ги возачите за несреќи и опасност на патот

Често сознанието за тоа што се наоѓа зад аголот за возачите може да биде многу корисно, а благодарение на новата технологија на Ford, LHI, тоа сега ќе биде возможно…

Информациите за локалните опасности пренесени навреме се значаен чекор на патот кон поврзаноста на сообраќајната инфраструктура и секако безбедност во сообраќајот.

Тоа може да им помогне на возачите да се подготват и потенцијално да избегнат опасност на патиштата, велат од Ford, за новата технологија што ќе ги предупредува возачите за несреќи, нестабилни терени, поплави или дури и одрони на патиштата, како и за наближување на возила на итните служби, што може да биде корисно, да избегнат непријатности па дури и да го спаси нивниот живот.

Сите опасности кои влијаат на возачот во тој момент ќе се прикажуваат на екран, а системот е дизајниран така што на возачите повеќе ќе им користи отколку информациите за опасностите од радио-дифузните системи кои често не се релевантни или не стасуваат во реално време.

Технологијата LHI  би требало да се воведе во над 80 % патнички возила на Ford до крајот на 2020 година, а предноста на истата е што нема да биде ограничена само на тие кои патуваат во возила на Ford, бидејќи, информациите од LHI ќе можат да ја користат и тие кои возат други марки автомобили.

„Тоа што информациите за локална опасност ги разликува е тоа што автомобилите се поврзани и нема потпирање на некои други апликации и е голем исчекор бидејќи алармирањето е специфично, релевантно и прилагодено за патувањата“, вели Јорг Бејер, извршниот директор во европското седиште на Ford.

Системот фунционира таа што сензорите на LHI технологијата ги следат активностите на возачот, вклучително и принудните кочења или палењето на светла за магла,  а исто така, го котрнолираат погонот на возилата за дететирање на  неповолни временски или сообраќајни услови, снег, нраз лизгав пат…

Податоците од сето то се пресметуваат за да се утврди местото на опасноста, како и  дали на тоа место се случил сообраќаен инцидент.

Возилото автоматски ги ажурира сите информации, додека технолошкиот партнер на Ford, HERE Technologies, управува со централната платформа која ги обединува информациите од повеќе модели на возила.

Така колку повеќе автомобили се во мрежата, поголема е и ефикасноста на системот, односно ако повеќе возила јалармираа за исто предупредување, другите возила во близина добиваат информации за опасност и состојбата на патиштата.

За поголма ефикасност сите дополнителн информации се собираат од базата на податоци од јавните информациски системи од каде се дистрибуираат до возилата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Volvo го прави поедноставно полнењето на EV

Tesla атак со пониски цени и посилни полначи!

Jeep Wrangler добива нов титански бензинец од 6,4 литри!

Ќе ги „претрка” и Nikola и Tesla и прв ќе произведе камионет на струја!

Urban Aero го најави CityHawk, хидрогенскиот летечки автомобил

Jeep Gladiator сега достапен и со дизел мотор

Пневматиците за 20%ја зголемија автономијата на EV

Mercedes го откри ентериерот со пет екрани за новата S класа

FCA најави офанзива на mild hybrid мотори