Во не толку далечна иднина, автомобилите би можеле да им помогнат на возачите да избегнат казни за брзо возење, односно самите да ја прилагодуваат брзина кон поставените ограничувања…
Ford тестира технологија која автоматски ја прилагодува брзината на возилото на дозволената во одредени зони без да „чита“ сообраќајни знаци или внесување на возачот.
Технологијата наречена Geofencing Speed Limit Control се потпира на неколку системи за да функционира.
Пред сè, ви треба возило со напредни поврзани системи и одредено ниво на помошни системи.
Исто така, дел од „сложувалката“ е и специјален софтвер кој користи систем за geofencing за GPS следење.
Теоретски, информациите за ограничувањата на брзината во одредени зони ги прима возилото, а кога ќе влезе во одредена зона, брзината автоматски се прилагодува за да одговара на ограничувањето.
За разлика од некои автомобили кои можат да ги „читаат“ сообраќајните знаци и да ја прилагодат својата брзина, системот на Ford се потпира на воспоставување виртуелна зона и идентификување на позицијата на возилото преку GPS.
Системот моментално се тестира во Келн, Германија, а експертите на Ford и претставниците на Келн и Ахен заедно ја вршат работата користејќи две комбиња Ford E-Transit.
Кога се приближува до зоната, возачот добива известување до кластерот и софтверот ја прилагодува брзината на возилото.
Сепак, возачот има можност да го заобиколи системот во секое време и да постави свои зони во одредени области.
Технологијата може да вклучува фактори како што се времето на денот и градежните зони (работење – поправка на патот).