Ford Transit Custom Sport „работник“ подготвен за тркачки патеки!

Од Ford најавуваат дека кон средината на годинава ќе лансираат нова верзија на Transit Custom Sport,  опремена со подобрен 2,0 EcoBlue дизел мотор со 185 КЅ што ќе биде најмоќна изведба на вакво возило што досега се појавила

Освен зголемувањето од 9% во максималната моќ и максимален вртежен момент од 415 Nm, идните сопственици на новата дизел верзија на Transit Custom Sport ќе можат да се потпрат и на дополнителни системи за поврзување, благодарение на интеграцијата од системот FordPass Connect.

Моторот ќе доажа во комбинација со шест-брзински мануелен и со шест-брзински SelectShift автоматски менувач, а во стандардната опрема на автомобилот се вклучени, избор меѓу 17- и 18-инчни алу-тркала, тематски внатрешни апликации, специфични надолжни бели ленти…

Се навестува и голем број на истеми за зголемување на безбедноста како активен паркинг асистент интелигентен систем за ограничување на брзина, систем за следење на лентите ,адаптивен темпомат…

Експресивноста е изразена и со двете црни пруги што одат долж целото возило, од предниот браник, преку покривот, до задниот браник..

Во минатата 2018 година, Ford забележа раст во побарувачката на Transit Custom Sport од 58% (4402 единици), а  Комерцијалната дивизија на брендот постигна рекордно високо ниво на продажба, најдобро во последните 25 години.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалиот SUV на Audi, на струја, само за кинески пазар

И официјално претставен Tesla Model Y !!!

Кусо но слатко дружење со Peugeot 508– атрактивен спортски седан на Французите

Се знае погонот на новиот BMW M3

Максимизирање на потенцијалот: Програма за конверзија на Opel Combo

McLaren Senna GTR во септември и само во 75 примероци

Peugeot 508 Sport Engineered добија продукциска верзија!

Tesla годинава планира промоции на  pick- up и на crossover

VW Golf Mk8 снимен речиси без маска!