Ford верува во момоволумени Galaxy и S-Max и со премиум Vignale за 2020

Од Ford најавија серија на новитети за наредната 2020 година и тоа Ford Galaxy и S-Max, што сега добиваат затегнување на „брчките“ и унапредување на стајлингот, како и повеќе опрема

Тоа што веднаш паѓа во очи е дека во 2020, Ford Galaxy и S-Max влегуваат во премиум стил со пакетот Vignale, што содржи, помеѓу другото и: летачки „V“ потпис на решетката на ладилникот како и хромирани елементи по целата надворешност.

Внатре, Galaxy Vignale добива кожна инструмент табла и централна конзола, со сиво шиење, волан со греачи и алуминиумски акценти.

Моделот S-Max Vignale додава предни седишта со опции за греење и ладење, со електрично прилагодување и функција за масажа.

Со цел да се разликуваат во однос на стандардните, S-Max и Galaxy добиваат ревидирани предни краеви.

Моделите со ниво на опрема Trend и Titanium, пак исто така добиваат повеќе опрема и детали од хром на маската и врамување на светлата за магла, а спортската верзија S-Max ST-Line има уникатна решетка на ладилникот со саќест дезен, со црно опкружување.

Понудени се и нови опции на тркалата за повпечатлива појава со големина од 18 инча и во две бои фелни од лесни легури достапнии за S-Max и за Galaxy Titanium, а помли 17-инчните исто така во два тона фелни се достапни за изведбата Galaxy Titanium.

Во однос на погонските групи освежените S-Max и Galaxy се задвижувани од  дизел турбо мотор со четири цилиндри,со работен волумен од 2,0-литри,во три изведби на моќност: со 150, 190 и 240 КЅ.

Основните модели силата ќе ја пренесуваат преку шест степен мануелен менувач, на предните тркал, а унапредениот осум степен автоматски менувач е достапен кај моделите со побогато ниво на опрема и на крајот податок дека верзијата со моќност од 190 КЅ може да се добие и со погон на сите четири тркала!.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Porsche 911 Targa 4S Heritage Design Edition

Новата Toyota Hilux се подготвува за премиера во друштво на Фернандо Алонсо

Cross sedan Citroen C3L пандан на Dacia Logan

Novi BMW Serije 4 Coupe стаса предвреме !

Пристигнува Fiat Tipo Cross

Citroen C1 JCC+ манекенски шарм на „шевронот” во мини пакување

Најавен новиот Nissan Qashqai

Ford Puma ST-Line Vignale и Puma sa 1,5 литарски дизел мотор

Нов голем Citroen пристигнува во 2021