Ford во Романија вложува 300 милиони долари

Во рамките на програмата за електрификација Ford инвестира во производни капацитети за лесни комерцијални возила…

Тоа е особено забележливо во комерцијалната програма на производителот на возила со син овал во логото. Имено, во Ford одлучија да ја електрифицираат, во најголем дел, својата понуда на лесни комерцијални возила и тоа до 2024 година.

Тие очекуваат дека две третини од продажбата во комерцијалната програма ќе бидат plug-in хибриди и електрични верзии. Според тоа, Ford ќе инвестира дополнителни 300 милиони американски долари во своите производствени капацитети во Крајова, Романија, се со цел да се подготват за лансирање на комплетно нов модел.

Тој модел треба да пристигне на пазарот во 2023 година, а електрична верзија ќе пристигне една година подоцна. Ова ќе ја направи третата фабрика на Ford способна да произведува електрични модели. Претходно, тоа достигнување  го постигнаа и фабриките на Ford во Германија и во Турција.

Да потсетиме, од 2008 година, кога Ford стана сопственик на фабриката во Романија, вложени се дури две милијарди долари за нејзино модернизирање и проширување. Само во последните неколку години се инсталирани над 600 роботи, кои ги олеснуваат производствените активности за 6.000 работници.

Фабриката, меѓу другото, ja произведува и новата Puma, многу успешен модел на пазарот, а во понудата на овие погони се вклучени и моделот EcoSport, како и моторот 1.0 EcoBoost.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Bentley со електричен SUV во 2025

До идниот понеделник бензите ќе се продаваат по „стара“ цена а дизелот поскапе

Tesla го одложи отворањето на фабриката во Германија

Niva Travel и Legend ќе се склопуваат на иста производна лента

Dacia Duster доцни со ре-дизајнот!

VW Golf во март најпродаван автомобил во Европа- Кралот не се дава!

Alfa Romeo по трет пат избрана за „Најдобар бренд во сите класи“

Русија воведува квоти за „зелени“ автомобили

Автономни возила веќе годинава на патиштата низ Б. Британија