Formula 1- претставен Ferrari SF-23

Италијанскиот тим Ferrari го претстави новиот болид „SF-23“ со кој ќе се натпреварува во претстојната сезона во шампионатот во Formula 1, објави Sky Sports

Презентацијата на новиот болид беше организирана во базата на италијанскиот тим во Маранело. За италијанскиот тим во следната сезона ќе возат Шарл Леклер од Монако и Шпанецот Карлос Саинц, додека Фредерик Васер ќе биде новиот тимски шеф, објавиjа информативните агенции.

Чувствувам дека сите се горди на сработеното и тоа е многу важно за мотивацијата на сите.

Ferrari ќе има претсезонски тестирања од 23 до 25 февруари во Бахреин. Последен пат италијанската екипа ја освои шампионската титула во конкуренција на конструктори во 2008 година.

Ferrari 16 пати во историјата бил шампион во F1 во конкуренција на конструктори. Возачите на Ferrari 15 пати ја освоија титулата во поединечна конкуренција, а последен пат беше во 2007 година, кога шампион беше Финецот Кими Раиконен.

Новата сезона во Ф1 ќе започне на 5 март со Големата награда на Бахреин.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Porsche- Откако е одбиен од Red Bull и McLaren повеќе не сака да влезе во F1

Opel и ADAC го продолжуваат партнерството во рели купот на електрични возила

Alpine A110 GT4 Evo за Pikes Peak

Извршниот директор на F1 овој спорт никогаш нема да прејде на електрични автомобили

F1 возачи ќе можат да дадат политички, верски и лични изјави на свој личен простор

Cadillac V-LMDh

Ferrari SF-23 нелегален!?

McLaren претстави „специјален автомобил“ – MCL60

Возачите на Формула 1 не ќе смеат а даваат политички изјави