Франкфурт 2019: Tavascan прв електричен модел на Cupra со 3 мотори

Подбрендот на SEAT, што се издвојува со перформанс модели Cupra, веќе извесно време фукционира издвоено, а на саемот во Фрнакфурт се претстави со прототип наречен Tavascan…

Тоа е прв crossover на струја на  компанијата а името го добил по ски-центар во Каталонија, во близина на границата со Франција.

Од брендот ветија дека наскоро ќе ја претстават и неговата производна верзија.

Автомобилот е изграден на новата платформа MEB, развиена од Volkswagen исклучиво за еколошки автомобили.

Моделот Tavascan се напојува со три електрични мотори еден на задната оска и два на предната.

Вкупната моќност на автомобилот е 306КЅ, а тоа дава можност автомобилот да има акцелерација од 0 до 100 km/h за 6,5 секунди.

Прототип изведбата се одликува со голем одбојник од предната страна, осветлено лого, аголни LED светла за дневно возење и тркала од 22 инчи во форма на турбина.

Внатре во автомобилот се инсталирани два големи дисплеи, а помеѓу доминира кожата и алкантарата.

Централната конзола има два екрани, од кои едниот е 12,3-инчи за информации од возилото, а преку вториот со дијагонала од  13-инчи  се контролира мултимедијалниот систем.

Шпанците го забрзуваат темпото на електрификацијата на своето портфолио, а лидер во тој процес е перформанс подбрендот Cupra

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продажбата во Европа бележи пад

Свечено доделена ATV Honda TRX 500 FM на Томе Николовски

Нов производ на Volvo Cars Macedonia

Во Токио Mitsubishi со нов SUV концепт

Од Ford најавуваат и други модели на МЕВ платформата

Почна производството на хибридната Škoda Superb iV

Маскираниот VW ID.4 „уловен“ на тестирање

Германците планираат милон полначи за EV

Четврт век на KIA Sportage , пионер во класата и омилен кај нас