Франција до 2040 ќе ги избрка возилата со фосилни горива !

Во новиот закон на Франзија за мобилноста ќе биде внесена и планираната забрана, до 2040 година, за автомобили што се движат на фосилани горива , изјави деновиве министрката за сообраќај Елизабет Борн …

Поранешниот министер за животна средина во Владата на франција Никола Ило, уште во јули 2017-та година најави ( на почетокот на мандатото на претседателот на Франција Емануел Мкрон) дека Франција има намера да ја запре продажбата на бензински и на дизел возила до 2040 година.

Тоа е фаза во настојувањата до 2050 годиан да ја сведе емисијата на гасовите со ефект на стаклена градина на нула (0), односно да стане карбонски неутрална, пренесува Тањуг.

Ило во септември минатата 2018 година поднесе оставка во знак на протест порди недоволната посветенист на Макрон кон прашањата што се однесуваат на животната средина, a Владата од тогаш ретко ја спомнувала планираната забрана, делумно поради движењето на „жолтите елеци“   кои помеѓу другото протестираа против вовесувањерто на данок на јаглерод во цената на горивата.

Борн, инаку заменичка на наследникот на Ило – Франсоа де Ризжи,потврди, во интервјуто за  телевизијата BFM дека целите поставени од Ило ќе се реализираат, пренесува Ројтерс (Reuters).

„Цел ни е до 2050 година да постигнеме карбонска неутралност, што од своја страна бара кредибилни чекори за остварување на итата цел, вклучувајќи и забрана на продажба на возила што се движат на фосилни горива до 2040 година”,изјавил таа.

Притоа додала дека Франција, која има голема автомобилска индустрија на чело со гигантите PSA и со Renault, ќе им помогне на производителите на автомобили да преминат на електричен погон, односно хидроген и можеби био гас.

„Од почетокот на мандатот на Емануел Макрон, наша цел е климатски план кој Никола Ило го најави летото 2017 година. Сега таа цел ќе ја внесеме во закон”, потенцира Борн.

Законот за мобилност исто така ќе ги олесни поставувањето на станиците за полнење на електрични возила (EV), така што станарите во станбените згради ќе имаат право да побараат вградување на штекери на своите паркиралишта.

Исто така ќе им даде можност на компаниите на своите вработени да им дадат субвенции и ослободување на данок во износ од 400 евра за доаѓање на работа со велосипед или со автомобили за споделување на возењето.

Борн кажа дека компаниите ќе бидат обврзани да разговараат за тие субвенции со синдикатите во преговорите за платите, но дека субвенциите нема да бидат задолжителни за сите компании.

Се очекува овој закон, што во моментот се разгледува во парлементот, да биде усвоен по завршувањето на летните одмори.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пробно производство на Aston Martin DBX

Новата KIA Xceed пред премиера ја покажа внатрешноста и дигиталната ера

Вгодина  пристигнува Mazda на струја!

Citroën, го забележа најсилниот раст во топ 12 автомобилски бренда во Европа

Peugeot Active Drive! ИМА СÈ!

Citroën C3 Aircross- Уште еден продажен хит на Французите!

Во Kia имаат подготвен нов SUV

Тesla доби ривал од Кина-се вика XPeng P7

CITROËN C3 за две и пол години продаден во 600,000 примероци!