Франција ги обвини VW и Peugeot за мамење со емисијата на штетни гасови

Истрагата на француските власти доведува до нови обвиненија, откако  Renault, Volkswagen и Peugeot ќе мора да одат на суд…

Volkswagen е обвинет за измама на клиенти, и дека тоа резултирало во загрозување на животната средина и здравјето на луѓето, сето тоа се должи на прекумерната емисија на штетни гасови од возилата од оваа марка.

Иако Volkswagen едно време го призна постоењето на „лажен софтвер“, тие сега негираат дека настрадале француските потрошувачи.

Германската компанија беше наложена од властите во Франција да испрати кауција од 10 милиони евра, како и да обезбеди банкарски гаранции за уште 60 милиони евра.

Очигледно е дека Французите се решени да возат сè до крај, бидејќи покрај Volkswagen  на „тапет“ е и домашниот Peugeot.

Peugeot е обвинет дека користел начини да се заобиколи прикажувањето на реални емисии на возила кои номинално биле во согласност со стандардот Еуро 5 во периодот од 2009 до 2015 година.

Брендот исто така доби наредба да плати кауција од 10 милиони евра, но потребните банкарски гаранции се пониски од оние на Volkswagen и изнесуваат 30 милиони евра.

Од Peugeot ги отфрла обвинувањата дека мамеле во врска со тестовите за емисија на штетни гасови и  при тоа тврдат дека вистината ќе биде утврдена на суд.

Но, француските власти ја продолжуваат истрагата.

Се верува дека и Citroen ќе биде обвинет за истото како Peugeot, а има и големи се шансите истото да му се случи и на Fiat како дел од новиот идентитет Stellantis ( составен од PSA и FCA Automobile).

Раководството на Citroen ќе биде под испрашување како дел од истрагата денес, додека раководството на Fiat ќе дојде на ред за испрашување во текот на следниот месец.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Alfa Romeo Tonale сепак ќе дебитира годинава

Електрична треска во Европа -Франција за две години со тројно поголема продажба на ЕВ

Lexus подготвува ривал на Audi Q2

Италијанската дивизија на Stellantis го напаѓа премиум В сегментот

Запрени испораките на Tesla Model S

Најавен  ЅsangYong Х200

Првиот човек на Alfa Romeo: Мораме да го подобриме квалитетот

BMW M3 CS Пристигнува 2023 година

По извесен период цените на горивата во надолна линија