Францускиот Citroen со видео најави нов електричен мини автомобил!

Производителот на автомобили од Франција, познат по бројните иновации што оставија длабок печат во автомобилската индустрија – Citroen, деновиве, објави краток видео запис со што, судејќи според се’, се најавува нивниот нов електричен автомобил…

Во моментов се уште нема конкретни информации околу новата иновација на францускиот бренд со стилизиран шеврон во логото.

Единствено што е познато, е дека премиерата на тој автомобил на струја ќе биде одржана наредниот месец, поточно на 27-ми февруари, оваа 2020 година, на домашен терен, во Париз.

Познавачите коментираат дека тоа би можела да биде сериската верзија на минатогодишниот Ami Onе Concpt, со кој француската марка ја одбележа својата 100-годишнина.

Потсетуваме, концептниот мал автомобил Ami One е Лилипутанец, пред се наменет за градски сообраќај, со целосно електричен погонски систем што ни ја посочува визијата на Французите за иднината на урбаната мобилност.

Станува збор за автомобил со две седишта, долг само 250cm, широк 150 cm, висок 150 cm, тежок само 425 kg, додека, пак, кругот на вртење му изнесува само осум (8) метри.

Од Citroen наведуваат дека ова возило има автономија на возење од околу 100 km , со едно полнење на литиум- јонски батерии (за чие полнење е потребно два часа).

Како и да е, Citroen со серискиот модел би требало да „обезбеди електрично возење достапно за сите“, тука пред се се’ мисли на неговата ценовна достапност за широкк круг на потенцијални клиенти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одложена премиерата на електричниот Jaguar XJ

Новиот Peugeot 3008 со Coupe – SUV става!

Франција- 90% сопственици на електрични автомобили ги полнат возилата дома

Ќе ги „претрка” и Nikola и Tesla и прв ќе произведе камионет на струја!

Најскапите 10- супер автомобили на светот

Škoda Scala Spider станува Slavia и потсетува на првите почетоци на марката

Jeep Renegade Orange Edition

Cupra Formentor e новиот официјален автомобил на ФК Барселона !

„Воскреснатиот” Aston Martin DB5 чини само 2,75 милиони фунти!