Францускиот министер за финансии Renault се бори за опстанок

Бруно ле Мер, министерот за финансии во Владата на Република Франција, предупреди дека без помош Renault би може да пропадне, но и дека е неопходно оваа компанија да се прилагоди на новите услови на пазарот….

Бруно Ле Мер (Bruno Le Maire) ја отфрли можноста за масовно затворање на фабриките и изјави дека не смее да има голем број на  затворања на работни места.

„Фабриката во Флинс мора да продолжи да работи“, рекол министерот за финансии во изјава за Радио Европа 1. „Без државна помош, Renault би можел да исчезне“, рече Ле Мер.

Тој додаде дека извршниот директор на Renault и управата напорно работат на создавање нов план што ќе му овозможи на овој производител да остане конкурентен на пазарот, но и да го минимизира бројот на отпуштени работници, особено во Франција.

Иако медиумите од Германија и Велика Британија тврдат дека државниот заем за Renault вреден пет милијарди евра е „веќе готова работа“, Бруно ле Мер за Figaro (Фигаро) потврдил дека сè уште ништо не потпишал и дека преговорите сеуште се во тек.

Францускиот министер потврди дека владата е отворена за давање помош на други компании од светот на автомобилската индустрија, алудирајќи на групата PSA, но дека е неопходно за брендовите кои сакаат помош мора да ги сочуваат работните места, но и да го вратат производството од странство во матичната земја- Франција.

Бруно ле Мер рече дека очекува француските производители како Renault, да посветат поголемо внимание на развојот на возила што испуштаат помалку штетни гасови во иднина.

Renault би требало на 27 мај, заедно со Nissan и Mitsubishi, да ја претстави новата стратегија.

Се очекува поголема синергија помеѓу трите производители, се поради големите предизвици што претстојат пред нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија – Преполни плацови со нови возила купувачите претпазливи

На глобално ниво Renault отпушта 15.000 работници!

Пазарот во Германија полека заздравува

Пресврт: РКЕ со одлука за поевтинување на горивата од полноќ!

Продолжува окрупнувањето во авто- индустријата: Алијанската меѓу Ford и Volkswagen се официјализира

Datsun redi-GO facelift

Најавена новата Nissan Frontier

Еуроимпекс во партнерство со меѓународниот проект во рамките на програмата  „Еразмус +“

Извозната агенција на Италија одобри заем за Fiat Chrysler