Французите против предлогот за ограничувања на брзините на 110км/ч на автопат

Резултатите од првото истражување на оваа тема се недвосмислени, предлогот за намалување на брзината на автомобилите на француските автопатишта од 130 км/ч, на само 110 км/ ч беше отфрлен со презир од страна на локалната јавност…

Еден од дури 150 предлози за измени во законот, формулирани од организацијата за заштита на животната средина, граѓанска климатска конвенција, исто така, се однесува на прашањето за ограничување на брзината на возилата на локалните автопатишта.

Токму оваа идеја предизвика бројни реакции во земјата, така што редакциите на реномирани медиуми, како што е весникот Le Figaro или France Info, спроведоа свои анкети во кои граѓаните добија можност да се изјаснат.

Анкетата на јавното мислење се одржа на 24 и 25 јуни, а дури 74% од испитаниците ја отфрлија идејата.

Резултатот во никој случај не може да се карактеризира како изненадувачки.

Во текот на претходната недела беше спроведена акција за потпишување на петиција од страна на здружението на возачи, во кое има 40 милиони членови, а каде за помалку од една недела веќе се собрани 700.000 потписи за поддршка на идејата за зачувување на сегашното законско ограничување. Дури и кај предлагачот на ова ограничување на брзината, односно во Граѓанската Климатска Конвенција, има дисхармонија околу овој предлог, со оглед на фактот дека бил усвоен со само 60% поддршка, иако други предлози, а ги имало дури 150, собрале поддршка од  дури над 90%.

Предлагачот не ја објасни својата идеја со желбата да се зголеми безбедноста во сообраќајот, туку со желбата да се намали нивото на штетни емисии на јаглерод диоксид, предизвикано од движењето на автомобилите.

Сепак, испитаниците не се сигурни дека ова ќе придонесе за решавање на проблемот.

Дури 55% од нив сметаат дека воведувањето на новото ограничување на максималната брзина  не би придонело за намалување на емисијата на непожелните издувни гасови, додека 69% од учесниците во анкетата сметаат дека пониското ограничување на брзината би предизвикало продолжување на траењето на патувањето и тоа во значителна мерка. Покрај тоа, 63% од анкетираните возачи веруваат дека би имале проблеми да се придржуваат кон таквото ограничување.

Без оглед на резултатите од анкетата, тие само ја потврдуваат целата деликатност на темата и потенцијалната експлозивност на контроверзноста по ова прашање, додека, пак, Емануел Макрон, како претседател на Франција, се обидува да организира референдум за оваа прашање. Како и да е, следната недела се очекува јавно обраќање  на претседателот на Франција, каде треба да се осврне на темата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно цело село во Франција ќе вози Renault Zoe!

Брендирани маски и еколошки Fiat 500e за претседателот на Италија!

Ставата на Ferrari 250 GTO повеќе не е заштитена – реплики на повидок

Наскоро Mercedes-AMG GT Black Series

Неуништливиот Aurus: Луксузната руска лимузината ги мина сите тестови

Најавен новиот Ford Bronco

Шефот на Nissan се извини поради загубите!

Lamborghini најави промоција на ново возило на 8 јули

AC Cobra вратена во живот и електрифицирана!