G-Power Lamborghini Urus

G-Power е најпознат по модификацијата на моделите на BMW (иако веќе некое време  соработуваат и Mercedes-AMG и Porsche), но нивната најнова понуда го вклучува и Lamborghini Urus…

Опремен е со twin турбо бензински мотор со работен волумен од 4.0 -литри, со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V, што се имплементира во перформанс SUV моделот Urus нма производителот на супер спортски возила од Санта Агата Болоњезе.

Но овој пат моќната погонска единица дополнително е засилена па така моќноста од стандардните 650 КС и максималниот вртежен момент од 850 Nm е зголемена на 740 КС и 950 Nm вртежен момент, односно на 780 КС и 1000 Nm или 830 КС во врвната верзија на G-Power.

Покрај помоќниот мотор, G-Power за Urus нуди и промени на хаубата, проширување на калници, портокалов преден отвор за воздух, поагресивен заден дифузор и поголем заден спојлер на покривот.

Исто така има и 24-инчни тркала, спортски издувен систем, изменета суспензија, посилни сопирачки, како и портокалови детали на централната конзола, вратите и седиштата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Bentley Dezervator со лифт го искачувате автомобилот на кат во гаражата до станот

Porsche Vision Gran Turismo Spyder

Која автомобил најчесто се појавува во филмовите

Hennessey Venom F5 Roadster

Lucid Air Sapphire

Електричниот Zeekr 001постави нов рекорд во дрифт за EV

Aston Martin V12 Vantage Roadster

Британец бил сопственик на дури 55 автомобили на FIAT

Czinger 21C V Max