GAC Trumpchi Emkoo

Trumpchi Emkoo е нов компактен crossover модел на кинеската компанија GAC, а изграден е на модуларната платформа GPMA (Global Platform Modular Architecture)…

Trumpchi Emkoo долг 4680 mm има и целосни LED светла, панорамски покрив, алуминиумски тркала до 19 инчи, 7,0-инчен дигитален инструмент табла, како и 14,6-инчен медиумски систем со оперативен систем Adigo 5.0.

Што се однесува до другите димензии, ширината е 1901 mm, висината е 1670 mm и меѓуоскиното растојание е 2750 mm. Изборот на мотори ќе вклучува 1.5 TGDI турбо бензинец со 177 КС и 270 Nm максимален вртежен момент.

Агрегатот доаѓа во комбинација со седум (7)-степен менувач со двојна спојка), 2.0 TGDI со 252 КС и 400 Nm вртежен момент.

Овој мотор е впарен сп осум (8) -брзински Aisin автоматски систем за пренос на силата.

Исто така во понуда ќе биде и хибридна верзија со 2.0 атмосферски бензински мотор и електромотор (со комбинирана сила од 238 КС). GAC Trumpchi Emkoo започнува во Кина по цена од 132.000 јуани, или „преведено“ во европски банкноти 19.170 евра, а извозот ќе започне на почетокот на наредната 2023 година

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дебитира BMW XM

Обновен DS 3

Претставен Chery Arrizo 8

Новиот Range Rover Sport – Претставен во Македонија

Acura ARX-06

Chevrolet Silverado ZR2 Bison

Buick Envista

Koenigsegg CC850

Ford Territory