Откако Geely минатата година го покажа crossover моделот Boyue L, сега пристигнува и неговата пократка верзија Boyue Cool…
Автомобилите се направени во ист стил, со сличен дизајн, но нивните димензии се секако различни. Должината на моделот Boyue Cool е 4510 mm (поголемиот Boyue L е долг 4670 m), ширината е 1865 mm, висината е 1650 mm, а растојанието помеѓу оските изнесува 2701 mm.
Внатрешноста на кратката верзија Cool сè уште не е прикажана, но по примерот на подолгата верзија, тука се очекува и мултимедијален систем со екран од 13,2 инчи.
Во секој случај, како и долгиот Boyue L, кратката Boyue Cool е изградена на платформата CMA (Compact Modular Architecture).
Засега е најавена само основната верзија со 1,5-литарски турбо бензински мотор со 181 КС и 290 Nm максимален вртежен момент, седум (7) степен автоматски и со погон на предните тркала.
Премиерата се одржa ,неодамна, а продажбата во Кина ќе започне до летото. Конечно, Geely најавува и хибридна верзија на моделот која би требало да има моќ од некаде околу 245 КС.