Geely лансира нов електричен бренд -Geometry со „убиец“ на Тesla Model 3!

Групацијата Geely Holding, сопственик на компаниите  Geely Auto Group, Volvo Car Group и Групацијата Geely New Energy Commercial Group, го претстави својот светски бренд Geometry, специјализиран само за електрични возила и главен ривал на Tesla…

Паралелно со објавуванјето на нова марка Geometry во Сингапур, од Geely открија детали за првиот пазарен предлог наречен Geometry A  со кодно име (GE 11) што ветува автономија во електричен режим од 500 km.

Моделот ќе биде достапен во две главни верзии – стандардна километража (410 km) и проширена (500 km), како и шест нивоа на опрема.

Погонот на Geometry A е доверен на погонскиот систем со моќност од 120 kW или 163 ks и вртежен момент од 250 Nm.

Електричниот автомобил ќе биде во можност да се забрза од 0 до 100 km/h за 8,8 секунди.

Користејќи систем за брзо полнење, полнењето на батеријата од 30-80% ќе трае 30 минути.

Geely најавува дека до 2025 година, 10 модели, вклучувајќи седани, SUV и кросовер автомобили, како и MPV ќе бидат вклучени во портфолиото на Geometry.

Моделот A ќе се нуди со богат сет системи за активна и пасивна безбедност, вклучувајќи автоматски систем за сопирање со препознавање на пешаци, автоматски светла, систем за предупредување при опасност од удар, полуавтономно управување….

Во Geely велат дека во моментов има повеќе од 27.000 барања за купување, од кои 18.000 се од странски клиенти од Сингапур, Норвешка и Франција!!!

Основна цена на Geometry А во Кина (со исклучок на даночни одбивања) е поставена на 31.250 американски долари.

Најевтината верзија на електричната верзија со проширена километража е 34.200 долари, а најскапата е 37.200 долари.

Се чини деак Geometry А ќе му биде силен ривал на Tesla Model 3, а со другите модели и crossover изведби кинезите се подготвуваат на пресметка со целата палета на Tesla Motors! 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Романија, Бугарија и Србија повторно во трка да го привлечат VW

Освежен Volkswagen Passat -Best company car во 2019

Hyundai во нови технологии инвестира 35 милијарди долари

Од PЅА потврдија Peugeot Expert и Citroën Jumpy на струја!

Bentley го потврди стартот на производството на Flying Spur

Mitsubishi Motors го засилува темпото во Европа

Во 20204 VW со ЕV поевтино од 20 илјади евра!

Предупредување: ЕУ воведува посебни давачки за SUV модели!!!

Воениот напад на Турција ја запре одлуката на VW таму да гради фабрика