Geely Vision Starburst concept

Кинески Geely претстави нов концепт автомобил наречен Vision Starburst…

Во изјавата се вели дека Geely ја употребил „експанзијата на космосот“ и „раѓањето на нова sвезда“ во обликувањето на неговата филозофија за дизајн.

Возилото се одликува, меѓу другото, со голема предна маска, LED светла, камери наместо конвенционални ретровизори, големи тркала …

Geely вели дека осветлувањето на возилото е како ехо на темата за ослободување енергија од sвездена експлозија во вселената. Тесните, мускулести линии на страните на возилото даваат чувство на брзина, а има и невообичаено осветлување околу тркалата. Дизајнерите велат дека овие светла ќе осветлуваат во различни бои и ќе обезбедат различни ефекти во зависност од ситуацијата. На пример, автомобил има различни програми кога е паркиран, поместен … наполнет…

Што се однесува до ентериерот, можете да видите амбиентално осветлување и остри агли. Geely имал тенденција да создава работи во кабината што изгледаат „безгранично“ или „неограничено“, некако како универзумот. Внатрешното осветлување се менува во зависност од состојбата на возилото, како и осветлувањето околу тркалата.

Детали за електричниот погон, батериите и опсегот не се објавени.

Концептот Vision Starburst нема да добие сериска верзија, но одредени елементи на  на дизајнот може да се користат кај некои нови модели на Geely.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Замената за Chevrolet Camaro ќе биде електрична лимузина

Електричен Citroen DS

Bentley Bentayga со фелни од карбонки влакна

Убавицата и Peugeot  208

LA Renault 5 Turbo 3 рестомод- Експлозија на 400 „грла“ во класично руво

Lamborghini 63 луксузна јахта/глисер со 4000 KС и топ брзина 111км/ч

Купувачите на новата Toyota Land Cruiser од Јапонија не можат да ја препродаваат година дена

Тркачки Audi RS Q E-Tron најавен за Dakar Rally 2022

Alpha Superwolf