Geely Vision X6 Pro

По пет години, кинескиот автомобилски гигант Geely подготви модернизирана верзија на нивниот crossover модел со име Vision X6, при што вој пат е наречен Vision X6 Pro…

Возилото доби помодерна надворешност (пред се измените се воочливи во предниот и во задниот дел), потоа тука е и новиот дизајн на алуминиумските тркала, како и подобрен ентериер со поквалитетни материјали, побогата опрема и мултимедијален систем (со големини од  8,0 до 12,3 инчи во дијагонала).

Тука е и новиот 1.4-литарски турбо бензински мотор со моќ од 141 КС, што доаѓа во комбинациа со рачен или со CVT (континуиран)  менувач на брзини, како и погон на предните тркала.

Во однос на габаритот Vision X6 Pro се одликува со следните димензии: Должина од 4546 mm, широчина од 1834 mm, а висок  е1715 mm, додека пак растојанието помеѓу оските се протега на 2661 mm.

Продажбата на пдомашниот пазар (во Кина) би требало да започне кон крајот на септември тековната 2021 година, а цените ќе се движат од околу 10.700 до 15.500 американски долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов Lexus LX

Подновување на Ford Focus!

Нов BMW Series 7 и електричната верзија i7

Ford Tourneo Connect

Подновена Подновена KIA Forte

Најнови слики Škoda Slavia

Zero Motorcycle

Новата ŠKODA KODIAQ SUV ве „плени“ за една минута!

Новиот Audi A4 пристига 2023 ги задржува бензинците и дизелите