General Motors, Volkswagen, Tesla, BYD помеѓу 100 највлијателни компании на светот

Неколку марки автомобили се пробија до престижната листа на највлијателни на планетава…

Во тековниот број, Time состави список на стотици компании кои ја формулираат и обликуваат нашата заедничка иднина. Беа избрани и четири компании од автомобилската индустрија. Тие доаѓаат од три земји: Tesla и General Motors од САД, потоа Volkswagen од Германија и BYD (Кина).

Ова го стави ГМ во категоријата гиганти или „титани“ како што ги нарекуваат. Особено беа пофалени напорите на GM во врска со еколошките технологии, додека шефот на овој американски производител – Мери Бара, беше истакната на насловната страница на изданието.

Tesla паѓа под „нарушувачите“, односно оние кои ги менуваат тековите. Пристапот на Тesla кон електричните автомобили, иновативноста и краткиот период на постоење се некои од доблестите што Taim ги истакна во преден план.

Потоа, тука е Volkswagen, кој оваа публикација го стави во сферата на лидерите.

Особено беа пофалени напорите на Volkswagen во областа на електрификација и амбиција да стане број еден во светот кога станува збор за продажба на модели ЕV.

Кинескиот BYD се најде во категоријата иноватори.

Тоа е компанија која има поддршка од американскиот милијардер Ворен Бафет, и се занимава со развој и производство на електрични возила. BYD е кратенка за Изгради ги своите соништа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Bentley со електричен SUV во 2025

До идниот понеделник бензите ќе се продаваат по „стара“ цена а дизелот поскапе

Tesla го одложи отворањето на фабриката во Германија

Niva Travel и Legend ќе се склопуваат на иста производна лента

Fiat 500-e одличен на тестот на „северниот елен“

Ford во Романија вложува 300 милиони долари

Top Gear ги избра најдобрите електрични автомобили

Dacia Duster доцни со ре-дизајнот!

VW Golf во март најпродаван автомобил во Европа- Кралот не се дава!