Geneva International Motor Show 2021 откажан- манифестацијата на продажба!!

Ниту вгодина нема да има автосалон во Женева, организаторот на саемот пред банкрот, а со престижната манифестација на продажба, најверојатно Саемот Palexpo ќе биде нов стопан на интернационалниот авто-салон!…

Изложбенио салон за автообили за март 2021 е откажан , а лесно може да се случи познатиот изложбен салон веќе да не постои.

Сандро Мескита (Sandro Mesquita) директор на фондацијата Salon International De L’Automobile”, неодамна даде интервју за La Tribune de Genève, во кое не заобиколувал многу и ја предочил многу драматична состојба на работите.

Мескита рекол: „Ако не најдеме решение до септември, ризикуваме  ликвидација. Ако тоа се случи, ќе мора да ги продадеме сите наши средства, бренд и акции на Palexpo SA “.

Организаторот на салонот Palexpo SA побарал од Женевскиот кантон заем од 17 милиони евра, но управата на кантонот одбила да и помогне на компанијата.

Palexpo SA тврди дека финансиската помош била условена со тоа што Фондацијата Не би била организатор на салонот, туку дека тоа би го направила надворешна компанија и Palexpo SA, што не било прифатено.

Споменатата сума е побарана со цел да се покријат загубите предизвикани од овогодинешното неодржување на салонот, иако се знае дека парите не им биле вратени на изложувачите заради фактот што Palexpo SA. не го откажал салонот, туку тоа го сторила државата Швајцарија и Властите на Кантонот Женева.

Парите им биле вратени само на тие што порачале и ги платиле своите билети преку Интернет.

По сето ова намерата на фондацијата Salon International De L’Automobile е да ги продаде сите права и брендот на Palexpo SA, компанија што инаку го поседува просторот во кој се одржува салонот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ексклузивно- Toyota денес открива нов модел – crossover базиран врз Corolla?

Најавен нов Haval H6

Вуков од сезонава со Порше Карера во нов предизвик: Голем предизвик за мене!

Citroën C5 во 2021 ќе атакува на VW Passat!

Daimler ја продава фабриката на Smart, можен купувач- Ineos, производител на Grenadier. наследник на класичниот Defender !

Истрагата за аферата dieselgate се прошири и на добавувачот Continental

Volvo се стабилизира- во Јуни продал само за 2,1 % помалку автомобили

Maserati Ghibli Hybrid со премиера на 16 јули

Ако еден автомобил го користат повеќе возачи задолжително дезинфицирајте го!